verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Граѓаните бараат повисок квалитет на известување за студентскиот марш | #СтудентскиМарш

on 18 - 11 - 2014       

Дел од дискусиите за протестниот марш на студентите содржеа повици на граѓаните за повисок квалитет на медиумското известување за настанот. Маршот против воведување на екстерно тестирање се одржа на 17 ноември 2014 година во Скопје, при што илјадници студенти тргнаа од платото на УКИМ, за пред Владата и пред Министерството за образование да ги искажат своите барања. Учесници пренесуваа фотографии и кратки информации преку „Фејсбук“ и „Твитер“, користејќи го хаштагот #СтудентскиМарш, кој послужи како основ за дополнителни споделувања и дискусии од страна на пошироката заедница.

Студентски марш во Скопје на 17.11.2014. Фото: Марјан Забрчанец. Објавено со дозвола.

Студентски марш во Скопје на 17.11.2014. Фото: Марјан Забрчанец. Објавено со дозвола.

Недостигот од пренесени информации за настанот на Јавниот сервис, како и кај дел од медиумите кои доминираат на пазарот во Македонија и добиваат лавовски дел од владините реклами, беше причина за фрустрација и згрозување кај граѓаните. МИА пренесе куса вест со акцент на Денот на студентите наместо на причината за маршот и на неговата големина. Таа вест беше пренесувана дискретно, без да се појави на насловните страници на таквите портали. Граѓаните особено беа погодени од тоа што наместо известување за монументалниот настан, беа промовирани таблоидни вести или вести од локално значење. На најголемите национални телевизии известувањето за настанот беше преку куси вести кои не беа претставени како вест на денот (седма-осма по ред) и со снимки на кои беа покажани само дел од учесниците. Граѓаните, исто така, ги поздравија медиумите кои известуваа објективно и сеопфатно.

Пренесуваме дел од твитовите, достапни преку хаштагот #СтудентскиМарш:


 


 


 


 


 


 


 


 


 

 


 


 

 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 


 

Претплатете се за најнови вести