Гатачки прогнози
Објавено во Рецензии
on 19 - 10 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?!]
Овој напис е полн со шпекулации и со непроверени информации. Текстот, наместо аргументи, на читателите им нуди рекла-кажала муабети и гатачки прогнози.
Линк на оригиналниот напис: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?!
Датум и време на објавување: 17.10.2016
Датум на рецензирање: 19.10.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ
На самиот почеток, написот бомбастично најавува дека викендот на ВМРО-ДПМНЕ бил тензичен, но не прецизира на какви извори се повикува.
„Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. Дознаваме дека викендот на ВМРО бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски“.
Покрај тоа што не ги наведува изворите, оваа медиумска содржина не ги проверила информациите што ги добила. Тие се објавени без никаква цврста основа што ја доведува во прашање нивната веродостојност.
„Поради неизвесноста која владее кај кадрите на оваа партија дека ќе ги изгубат изборите од една страна, но и поради стравот дека можат да бидат на „списокот на СЈО“, во ВМРО-ДПМНЕ како ретко до сега се бара место повеќе во кандидатските листи, за да се обезбеди пратенички имунитет. Во трката за пратенички имунитет, преку сигурно место на пратеничките листи, се вклучиле и 6 претседатели на ограноци“.
Во овој дел од текстот, наместо факти, имаме гатачки прогнози. Се предвидува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубела на изборите. Покрај ова, се шпекулира дека се барало место повеќе на пратеничките листи за да се обезбеди пратенички имунитет. Ваквата информација не е проверена и не е побарано став од партијата. Се наведува дека во трката за пратеничките листи се вклучиле шест претседатели на партиски разграноци, но ништо конкретно не му е понудено на читателот, ниту приближно не е посочено за кои партиски разграноци станува збор.
Целиот текст личи на чаршиски муабет. Очигледно е дека написот е политички мотивиран и има цел да креира слика дека владејачката партија е „расклатена“ од внатрепартиски кавги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови