verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Франкенштајн од новинарска содржина

on 2 - 05 - 2015       

04272015-NetPress-Tiranija-crop-resize

 

[Рецензија: „Сите тирании и напади врз новинарите од опозицијата“]

 

Во манџата турлитава има многу различни состојки, но сите заедно прават едно вкусно јадење кое посакуваш да се повторува почесто. Ова традиционална тава е добра и поради тоа што некои состојки се задолжителни. Затоа оваа медиумска содржина не може да се нарече турлитава. Со тоа, рецензентот се обврзува отсега па натаму, во иднина, да не го злоупотребува симболичното значење на оваа манџа.

Прво заради форматот. Веројатно никој не може со сигурност да потврди за каков новинарски жанр станува збор. Освен тоа дека овој текст е ставен во рубриката „Македонија“, со ништо друго не е обележан во смисла на тоа да се определи во кој жанр спаѓа. Дали е извештај, дали е мислење или коментар, дали е некој вид анализа…? Ова го наведуваме зашто има елементи од повеќе новинарски формати, а сите заедно, наместо турлитава, прават помија.

Текстот во најголем дел има елементи на коментар/мислење, ама кога станува збор за тој формат, го нема најелементарниот елемент – потпишан автор. Или, барем, редакцијата да го потпишела текстот.

Освен што не е потпишан, овој новинарски текст е селективен, пристрасен, едностран, несеопфатен и има во себе една отворена линија за пресметка со оние што не ги поддржуваат тезите на оваа медимска содржина.

Но, да одиме по ред:

04272015-NetPress-Tiranija-Линк до оригиналниот напис: Сите тирании и напади врз новинарите од опозицијата

Датум и време на објавување: 15.04.2015, 09:14

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Како прво, има една нерзбирлива грешка уште во насловот „Сите тирании и напади врз новинари од опозицијата“, а во текстот се опишани само нападите врз новинари кои отворено се самонарекуваат – провладини.

Инаку, медиумската содржина што ја рецензираме во својот поголем дел, се задржува на веќе познатите изјави на двајцата медиумски работници кои во изминатиот период учествувале во ситуации на закани и на физички пресметки (Илковски и Димитриевски), а не ги опфаќа и двата други инциденти (Јовановски и Бојаровски).

И да прифатиме дека имаат аргументи за еден ваков избор, тоа не ни го одзема правото да го оцениме овој пристап како – селективен. Оттаму, тој не е ниту сеопфатен и не може во целина да зборува за „нападите врз новинарите“. Освен тоа, дури и ако се пишува за посочените новинари, ја нема втората страна, а барем за едниот случај, второинволвираниот во едниот случај јавно зборуваше за тој настан.

Оваа постапка веднаш го повредува членот 10 од Кодексот на новинарите кој, меѓу другото, вели дека новинарот нема да говори со омраза, нема да дискиминира по која било основа:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Бидејќи во воведот на оваа рецензија наведовме жанровска неконзистентност на оваа медиумска содржина, тука да го поткрепиме тоа со укажувањето од членот 13 од Кодексот:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Со изборот што е направен, авторот на овој текст и уредништвото на медиумот направиле избор на политичката опција што ја застапуваат или афирмираат, а во новинарските правила (Кодекс на новинарите на Македонија, челн 14) се вели дека:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Застанувајки во афирмација на одбраната само на едни новинари, за кои се тврди дека биле изложени на закани и напади, медиумот го крши и членот 16 од кодексот кој нагласува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

И, само за уште една состојка која никако не оди во оваа новинарска манџа е последниот дел од оваа содржина која на ниту еден начин не е поврзана со темата што ја најавува насловот и што поголем дел од овој текст.

Без да се наведе извор и да се направи некое логично поврзување на заканите врз новинарите со „заканите врз целата македонска економија“, е накалемен дел на овој Франакенштајн од новинарска содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Делумно

официјални, неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести