verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотошопирана фотографија се користи за ширење лажни вести за Заев

on 25 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

Овој текст шири невистини и дезинформации врз основа на фотошопирана фотографија, а задача на новинарот е секогаш да ја информира јавноста со прецизни, точни и проверени информации. Затоа и читателите, при вакви текстови, треба да бидат внимателни и да се обидат да ја идентификуваат фотографијата, во смисла дали е вистинита или лажна

Линк до оригиналниот напис: (ФОТО)СРЕДБА САШО МИЈАЛКОВ И ЗОРАН ЗАЕВ ВО МЕРИОТ? Дали се потпишува нова изборна коалиција ???

Датум и време на објавување: 18.06.2020

Датум на рецензирање: 22.06.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот кој е предмет на оваа рецензија шири дезинформации за наводна средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Притоа, ваквите дезинформации се темелат на фотошопирана фотографија на која Заев наводно седи во ресторан со Мијалков.

Користејќи ја наводната средба на Заев и Мијалков, во текстот се оди дотаму што се информира дека се договара нова изборна коалиција. Средбата, според напишаното, се случила во хотелот „Мериот“.

З.З. пристигнал во своето возило марка Порше во елитниот хотел Мериот изутрина во 12 часот, причината за посета на ова место е да се сретне со екс-директорот на УБК Сашо Мијалков кој е  исто така сопственик на елитниот хотел .

По ова се наметнуваат неколку дилеми. Дали Заев договарал помирување меѓу Мијалков и Кичеец или можеби се склучувала нова коалиција и пазар на гласови?

З.З присуствувал на утрински брифинг во ресторанот Дистрикт заедно со екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, во истиот локал пред 5 дена се случи конфликт со осудениот од предметот Рекет – Кичеец каде што настрада обезбедувањето на Мијалков.  Се работи на помирување ? Зошто З.З е на утрински брифинг со екс директорот Сашо  Мијалков ? Дали се прави некој изборен пазар за гласови ?  Дали се потпишува нова изборна коалиција?

Целиот текст е невистина, бидејќи „главниот доказ“ е всушност користење на лажна фотографија.

За овој фотошоп имаше реакции и на социјалните мрежи.

Патем, оригиналната фотографија датира од 03.02.2016 година и на неа е Заев во разговор со  Гзим Острени, претседателот на партијата Унитети. Во тој период, лидерот на СДСМ одржа неколку средби со лидери на неколку опозициски партии на Албанците во Македонија, со цел формирање на македонско-албанска коалиција пред изборите во 2016 година.

Задача на новинарот е секогаш да ја информира јавноста со прецизни, точни и проверени информации, а не како во случајов да шири невистини и дезинформации, притоа користејќи лажни фотографии. Затоа, читателите, но и новинарите и уредниците, треба фотографиите секогаш убаво да ги проверат од каде потекнуваат, со цел да не бидат погрешно информирани ии погрешно да информираат. За читателите ова посебно важи кога ќе наидат на текстови кои нудат сензационалистички информации.

Во овој напис, без сомневање, покрај тоа што не е проверена фотографијата, туку таа е и злоупотребена за политички цели, за да се манипулира со јавноста, со што се повредени неколку членови од Кодексот на новинарите.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести