verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографијата во текстот земајте ја со резерва, таа е можна основа за измама

on 30 - 09 - 2019       

Во анонимни текстови, без информации од јавен интерес, украсени со фотографии од луѓе кои се преправаат дека се некој друг, се објавуваат непотврдени информации што се однесуваат на одреден случај што има публицитет во јавноста. Сето ова се случува во време кога онлајн медиумите заземаат големо место во областа на информациите. Одредени автори не го поминуваат својот текст низ филтрите на новинарските принципи и како резултат на тоа честопати објавуваат дезинформација, со што ја губат довербата кај своите читатели. Веста што ја разгледуваме е еден таков пример.

Fotografi nga lajmi që recensohet

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до написот: Катица Јанева сликана од затворот во Шутка Katica Janeva fotografohet nga burgu i Shutkës

Датум на објава: 10.09.2019

Датум на рецензија: 22.09.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

 

 

Наслов што ветува за непроверена фотографија

Во текстот што го разгледуваме со бомбастичен наслов за поранешната обвинителка Катица Јанева, што е вест веќе долго време, секако и за авторот бил текст што многу ветува, бидејќи е актуелно прашање и ужива голем интерес. Меѓутоа, тоа предизвикува разочарување кај читателот кога тој отвора таков текст и за возврат не ги добива ветените информации. Во дадениот текст се вели дека специјалната обвинителка Катица Јанева била фотографирана од затворските простории, но фотографијата не докажува дека личноста е токму обвинителката.

„Поранешната главна обвинителка на Специјалното обвинителство, Катица Јанева, е фотографирана во затворот -Шутка, каде се наоѓа во притвор по одлука на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Таа е фотографирана во дворот од затворот, додека разговара со друг затвореник.“- се вели во текстот.

 Грешките на авторот во овој напис:

  • Но дадената фотографија се гледа една жена со свртен грб, така што читателот не може да види јасно кое е лицето.
  • Не се знае времето кога е направена фотографијата.
  • Не се знае дали со сигурност се работи за затворот во Шутка или за некое слично место.
  • Не се знае кој е авторот на фотографијата.
  • Не е неведено зошто ова информација би била значајна и зошто ова фотографија како таква (дури и ако авторот докаже дека тоа е навистина Катица), би била вест .

Кога прашањето за верификација е оставено на читателите..!

Фактот дека не е потврдено дали Катица Јанева е на оваа фотографија или не, авторот на текстот решил да го стави во последниот ред на текстот. Намерно или ненамерно, авторот се чини дека сака да се ослободи од својата примарна одговорност – проверка и товарот да му го препушти на читателот. За да има некаков материјал во овој напис, авторот остатокот од текстот го наполнил со стари изјави од директорот на затворот, со што прави забуна кај читателот.

За читателот: Земете ги со резерва нејасните фотографии

Имајте на ум дека вестите со фотографија понекогаш се помоќни и поекспресивни, како и поубедливи од оние што немаат фотографија. Но, ова се однесува само кога сликата навистина е направена на местото на настанот и текстот на новинарот излегува природно од фотографијата, а не спротивно кога текстот е „присилно“ прилагоден на фотографијата. И кога сликата е јасна и добро се гледа што има во неа.

Што е најважно: анализирајте ја фотографијата од сите агли, дознајте дали новинарот го напишал изворот, т.е. времето кога е направена, авторот и точното место на фотографијата.

Поставете ги прашањата: каква новост носи оваа слика и зошто е важно да ја прочитате веста? Дали вреди да се прочита овој текст и што ќе научите како нова информација од истиот?

Ако овие елементи недостасуваат во текстот прикачен на фотографијата, тогаш многу е веројатно дека авторот ве манипулира.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести