verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографијата со лицето во заштитна опрема е направена во Полска, а не во ЈСП

on 17 - 03 - 2020       

[Рецензија: ДАЛИ Е ОВА РЕАЛНО?! Автобуси на ЈСП се дезинфицираат во присуство на патници?!]

Дел од порталите објавија фотографија за која тврдат дека е снимена во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). На фотографијата се гледа лице во заштитна опрема во јавно превозно средство. И тоа некому му било доволно да тврди дека така се дезинфицираат автобусите на скопското ЈСП против коронавирусот во присуство на патници.

Но, тоа не е точно. Со едноставно пребарување на фотографијата на Гугл, се гледа дека таа воопшто не е направена во Скопје, туку во Полска. На дел од полските сајтови каде што е објавена фотографијата, се гледа целосната верзија на фотографијата, а не скратената и заматена верзија.

Линк до оригиналниот напис: ДАЛИ Е ОВА РЕАЛНО?! Автобуси на ЈСП се дезинфицираат во присуство на патници?!

Датум и време на објавување: 11.3.2020

Датум на рецензија: 16.3.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Кога ќе се погледне целосната верзија на фотографијата, апла станува јасно дека не се работи за автобусите на ЈСП. Автобусите во Скопје, ниту приватните ниту државните, ниту старите ниту новите не изгледаат вака. Да можеби на момент можете да се збуните и да помислите дека станува збор за автобус на ЈСП поради дезенот на материјалот на столчињата и поради жолтата боја на држачите за раце какви што се и во ЈСП. Но, кога ќе ја загледате убаво фотографијата, особено оригиналната а не заматената и скратената, сфаќате дека не се работи за автобус на ЈСП затоа што во скопските автобуси обликот на столчињата не е таков ниту пак има автобус што има такви врати.

Неодговорно и непрофесионално е да се објавуваат вакви фотографии без притоа да се направи основна проверка дали фотографијата е веродостојна. А уште понеодговорно е да се напише „искрено веруваме дека е монтажа“. Медиумот не треба да верува или не верува туку негова задача е да проверува пред сензационалистички да и тврди на јавноста нешто во кое што не е убеден ни тој којшто го напишал текстот.

На официјалната Фејсбук страница на ЈСП беа објавени фотографии од дезинфицирањето на возниот парк на кои се гледа дека опремата на оние кои дезинфицираат воопшто не наликува на она што е прикажано на сликата објавена на порталот.

Најпроблематично од целата објава е пренесување на наводната реакција од луѓето кои наводно ја снимиле оваа случка.

Луѓето револтирани од глетката, а кои ја снимиле оваа несекојдневна случка, реагираат дека таа ниту е безбедна по нивното здравје, ниту пак е дозволена.

Со оглед на тоа дека фотографијата воопшто не е направена во Скопје туку во Полска се наметнува прашањето кои се овие луѓе кои се револтирани од глетката?! Повеќе од очигледно е дека оваа наводна реакција е измислена, што преставува најгрубо манипулирање на читателите и безобразно кршење на новинарските правила.

Јасно е дека сè што е поврзано со короновирусот предизвикува големо медиумско внимание, а со тоа се зголемува читаноста и гледаноста на медиумите. Но, тоа не треба да значи дека по секоја цена треба да се објави нешто интересно и невообичаено, а особено ако тоа не е проверено. Лажните вести и манипулациите само одмагаат во справувањето со оваа новонастаната ситуација и предизвикуваат дополнителна и непотребна паника.

Овој напис е дел од специјалното известување на КриТинк за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести