Фотографијата може да информира, но и да биде само мамка за манипулација
Објавено во Рецензии
on 11 - 02 - 2020 Автор: АдминИако во јавноста е широко познато дека „фотографијата зборува колку илјада зборови“, во медиумите има случаи да не важи ова и наместо правилно да информира, ја дезинформира јавноста. Таков е написот што ќе го разгледаме
Линк до оригиналниот напис: „Алијансата за Албанците зајакнува во Скопје, еве кој и се приклучува“ “Aleanca për shqiptarët forcohet në Shkup, ja kush i bashkohet? (FOTO)“
Датум на објавување: 31.12.2019
Датум на рецензија: 03.01.2019
Рецензира: Фатбарда Цури
„Башким Бакиу се приклучил на Алијансата“
Почнувајќи од информацијата дадена во насловот, медиумот се обидел во јавноста да остави впечаток дека поранешниот кандидат на Движењето БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакиу се приклучил на друга партија, Алијанса за Албанците. Овој напор на медиумот се гледа и во заклучокот даден во насловот:
„Алијансата за Албанците зајакнува во Скопје, еве кој и се приклучува? (ФОТО)”.
Но кога се отвора текстот за читање, информацијата од насловот почнува да бледнее. Ова се забележува со употребата на зборот „се чини“, што се користи во ситуации кога претпоставуваме за некоја ситуација.
“Алијансата за Албанците се чини дека ги вклучи моторите за предвремените парламентарни избори на 12-ти април”, се вели во текстот…
Од „се чини“, медиумот се потрудил целосно да ја избледнее наведувачката иинформација во насловот, па се оди со друга кулминирачка формулација „не се знае“.
“Не се знае дали Бакиу преминал во партијата на Села или имаше само пријателска средба со Таравари ”, се вели во написот што го разгледуваме.
Медиумот воопшто не се обидел да ја провери информацијата, бидејќи не открива дали побарал некој став од наведените во статијата. Со оглед на ова, цениме дека наместо да информира, медиумот шпекулира. Со ова медиумот го прекршил основното начело на Кодексот на етика на новинарите.
„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации што се од јавен интерес. Новинарот мора да објави точни и докажани информации и нема да ги скрие основните податоци и да ги фалсификува документите. Ако информацијата не може да се потврди, или ако станува збор за претпоставка или шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информацијата треба да се докаже колку што е можно повеќе“, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.
Фотографијата – мамка за манипулирање на јавноста
Медиумот ја манипулира јавноста искривувајќи ги фактите – во случајов фотографијата – затоа што иако во написот се вели дека „средбата била пријателска“, преку фотографијата се прави обид да се заклучи дека „Бакиу преминал во Алијансата“ . Тука е искористен концептот на манипулација „повикување на можност“. Преку фотографијата, медиумот покажува тенденција да ја убеди јавноста дека ако Бакиу седнал заедно со Таравари, тој преминал во Алијансата. И после ваквата можност, направил се да се огради од евентуална грешка во тврдењето.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.