verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фингирани еротски „ишарети“

on 28 - 09 - 2016       

zurnal

[Рецензија: ЕРОТИКА ОД СДСМ: Какви „ишарети“ си пуштаа Шилегов и Куновска во Собрание? (ВИДЕО)]

 

Сексистички, навредлив, непристоен, провокативен, коментаторски текст на кој единствената цел му е дескредитација и нарушување на угледот на двајцата опозициски пратеници.

Со премногу очигледно наместен видеозапис и со уште понаместен текст што оди како дополување на снимката, се измислува приказна за двајца пратеници со која се манупилира јавноста. Притоа, освен сечен и лепен видеозапис, нема никави реални докази за оваа фингирана ситуација.

erotika-od-sdsm-kakvi-ishareti-si-pushtaa-shilegov-i-kunovska-vo-sobranie-video-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: ЕРОТИКА ОД СДСМ: Какви „ишарети“ си пуштаа Шилегов и Куновска во Собрание? (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 22.09.2016, 21:27

Датум на рецензирање: 27.09.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

МОНТИРАНИ КАДРИ

„Интересна случка денес во Собранието на Република Македонија при комисиската расправа забележа камерата на Инфомакс, од невербалната комуникација помеѓу Петре Шилегов и неговата партиска колешка Софија Куноска

 

Како што информираа очевидци, невербалната комуникација помеѓу двајцата веќе подолго се одвивала, но досега никој не се посомневал дека се работи за некакв еротски „ишарети“, се до денес кога на очиглед на присутните меѓусебната привлечност помеѓу колегите била на врвно ниво.“

На видеозаписот може да се забележи дека пратениците Петре Шилегов и Софија Куновска од СДСМ на собраниска Комисија се снимени посебно, а потоа снимените кадри се монтирани за да се инсинуира дека помеѓу нив двајца има нешто повеќе од професионален однос.

Видеозаписот е целосно проблематичен затоа што кардите на пратениците се снимени посебно, а не заедно. Во ниту еден момент не се покажува широк кадар во кој можат да се заебележат Шилегов и Куновска заедно, за навистина да се потврди дека овие нивни „ишарети“ се заемни. Така што, онака како што е прикажан видеозаписот, тој може да бил монтиран и од претходни седници. Всушност, не се исклучува ниту можноста кадрите од пратениците да се снимени кога тие двајца воопшто не се во исто време на седница.

Пратеникот Шилегов гледа на својата десна страна, но таму седат голем број пратеници и пратенички од сите партии и бидејќи нема целосен кадар од просторијата, во никој случај од видеоснимката не може да се заклучи дека гледа токму во Куновска. Истото важи и за споменатата пратеничка. Таа погледнува лево, но таму, покрај Шилегов, седат и други пратеници.

Видливо е дека и видеозаписот и содржинскиот дел се ставени во функција да креираат манипулативна слика во јавноста за релацијата меѓу двајцата пратеници, која, наводно, ја минува границата на професионалниот однос.

Оваа непримерна објава, скроена и пласирана пред сè заради лична пресметка, не може да се нарече новинарски текст. Напишаното на најгруб начин ги прекршува членовите 15 и 16 од Кодексот на новинарите.

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката.
Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. ( 15)

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.( 16)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести