verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Фејсбук вест“ без информација и со омаловажувања!

on 30 - 09 - 2019       

Кога авторите со своите написи по секоја цена се обидуваат да најдат негативни атрибути на некој функционер, без аргументи и факти, тогаш страдаат новинарството и самите читатели. Веста што ја разгледуваме ги крши стандардите за новинарство.

Fotografi nga lajmi që recensohet

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до написот: Месото ги обединува Арбен Таравари со Али Ахмети Mishi e bashkon Arben Taravarin me Ali Ahmetin (FOTO)

Датум на објава: 18.09.2019

Датум на рецензија: 24.09.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

 

 

„Фејсбук вест“ – без информација!

Веќе во насловот се забележува коментарот на авторот што го интригира читателот. Во текстот, во меѓувреме, авторот опишува фотографија и користи навредлив јазик против Таравари. Авторот шеговито и навредливо потсетува на неговите претходни изјави и алудира на средба со некаква позадина. Авторот не го заснова своето пишувања на факти, освен на фотографија што читателите можат да ја најдат насекаде на социјалните мрежи.

„Не е познато дали вечерата со месо е причината за обединувањето меѓу Таравари и Ахмети или била некоја друга, но, на социјалните мрежи почнаа да се шегуваат со оваа фотографија, прашувајќи дали Таравари би преминал во редовите на ДУИ ако би било нешто поголемо“- се вели во текстот.

Кога агол на фотографија се вклопува со тенденцијата!

Текстот е тенденциозен, тој отвора само прашалници, а авторот поставува реторички прашања што создаваат одбивност и воопшто не даваат никакви информации. Авторот намерно или ненамерно не го проверил профилот на лицето на социјалната мрежа за кој го напишал текстот, со што се појаснува зошто присуствувал таму.

Втората гледна точка, ја демантира првата!

На својот профил, Арбен Таравари сподели фотографија со текст во кој се објаснува тоа што не го објаснил авторот на претходниот текст. Таравари појаснува дека е таму заради неговиот пријател, со што ги отфрла сите алудирања направени од авторот во претходниот текст. Фотографијата е направена на истиот настан, но од друга перспектива.

Фотографијата на Таравари

 

Концепт на манипулација „Повик за доверба“, „Повик во отсуство на спротивни докази“ и „Аргумент против лице“

Авторот покажува афинитет да го натера читателот да верува дека можноста нешто да се случи е доказ дека истото ќе се случи. Во овој случај, „месото ги обедини“ се користеше како нешто што навистина се случило.

Потоа, авторот користел манипулација со зборови за да направи да се верува дека нешто е точно, само затоа што има недостаток на докази за спротивното. Во овој случај не наведувајќи ја објавата на Таравари, авторот ја прави својата теорија „веродостојна“.

Авторот ги прекршил и принципите на новинарството со употреба на навредлив и нападен речник против градоначалникот.

Не дозволувајте медиумска манипулација

Има вакви написи што по секоја цена се обидуваат да оцрнат некоја личност. Разликувајте го пристапот на ваквите написи барајќи логичен, а не емотивен аргумент. Потсмевањета, иронијата и сарказмот, не дека не се прифаќаат во новинарството, но имаат свој стил и рубрика.
Не дозволувајте некој со една единствена фотографија и индивидуален опис, без верификација и изјави, да ви сервира дезинформација.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести