verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фејсбук статус, збунувачки наслов, празен текст и многу кликнувања!

on 6 - 11 - 2019       

Изборите на Косово предизвикаа интерес и кај земјите од регионот, а информациите за нив предизвикаа голем интерес и во Северна Македонија. Албанските корисници на социјалните мрежи во Македонија беа исто така оптоварени со сите случувања во Косово. Сепак, покрај вистинските информации, кружеа и голем број „празни“ текстови, претставени како да нудат вистински информации. Текстот што го разгледуваме е таков.

Линк до оригиналниот напис: „Османи: Албин Курти е Зоран Заев на Косово“ Osmani: Albin Kurti është Zoran Zaevi i Kosovës

Датум на објавување: 11.10.2019

Датум на рецензија: 18.10.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

„Еуфоријата по победата на Самоопределување го зафати и регионот. Во време на оваа еуфорија, функционерот на СДСМ од Слупчане, Хади Османи, направи споредба помеѓу актуелниот премиер на Македонија и идниот премиер на Косово. „Албин Курти е Зоран Заев на Косово. Точка! “, напиша Османи на Фејсбук, предизвикувајќи големи реакции и против реакции“ – тоа е целата содржина на текстот што го разгледуваме.

Статус на Фејсбук, споредба направена од едно лице и текст без никаков јавен интерес, тоа е текстот што го разгледуваме. Станува збор за напис на Фејсбук кој не содржи никаква анализа, туку само слободна мисла изразена преку статус. Содржината ве одведува до статус на Фејсбук и не ви дава никакви информации.

Кога пост се претвора во целосна новинарска содржина

Авторот на крајот истакнал дека наводно овој статус, предизвикал реакции и контрареакции, но не сметал дека истите треба да ги сподели со неговите читатели. Текстот е многу краток и сето тоа се заснова само на еден пост на социјалните мрежи и ништо повеќе.

Авторот заборавил дека клучот за кој било новинарски жанр, вклучително и веста и извештајот, е да се има одредена порака, цел и влијание врз јавното мислење, преку изнесување факти. На овој начин според содржината, се разликува квалитетот на новинарскиот производ.

Новинарот да го почитува правото на читателот е да се информира

Читателот секогаш има право на целосни и точни информации, а новинарот секогаш мора да биде во подготвен да му го овозможи тоа.

Станува збор за универзално човеково право загарантиирано и од ООН и од ЕУ, како и од Уставот на РС Македонија.

Концепт на манипулација „повикување на авторитет“

Авторот на текстот има тенденција да претстави нешто како вистина само затоа што е кажан од некој авторитет.

Покрај тоа, авторот користел актуелна тема која е и е од голем интерес за јавноста.

Некој ви нуди „вест“, можеби сте го виделе некаде како статус

Ако наидете на ваков текст со ваква содржина, треба да имате предвид дека сте прочитале само еден статус од Фејсбук и не треба да го третирате како факт потврден од неколку извори. Само игнорирајте го и обидете се да ги изберете веб-страниците од кои сакате да бидете точно и навремено информирани.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести