verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фејсбук-статус не е вест

on 1 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

 

zurnal

[Рецензија: ТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев]

 

Текстот што го рецензираме е политички мотивиран и има цел да ја дискредитира најголемата опозициска партија во земјава, нагласувајќи дека старите партиски членови, наводно, биле многу незадоволни од нејзините политики.

ТИ СИ ЕГО МАНИЈАК Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев zurnal.netЛинк до оригиналниот написТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев

Датум и време на објавување: 26.01.2017

Датум на рецензирање: 01.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

САМОПОСЛУЖУВАЊЕ ОД „ФЕЈСБУК“

Проблемот во овој напис е што ги генерализира работите, а неговата основа, всушност, е фејсбук-статус на една личност.

„Не стивнува незадоволството од членовите и симпатизерите на СДСМ за политиките кои ги води нивниот лидер Зоран Заев. Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук им порачува на Заев дека е доста со евтините трикови и глумата, нарекувајќи го его манијак“.

Ако некој напишал нешто на социјалната мрежа „Фејсбук“, не значи дека тоа е вест. Исто така, ставот не една личност не може да се преточи во став на повеќе личности. Тоа е новинарски непрофесионално.

Во македонските медиуми оваа практика почна многу често да се применува. Се зема фејсбук-статус и тој се пласира како вест, без притоа новинарскиот производ повеќе да се осврне на напишаното.

Во случајов, требало прво да биде побарана дозвола од Мицковски за објавување на неговиот став и, второ, требало да биде прашан од што произлегува ваквото негово мислење, односно, наместо да се прави „копи-пејст“ на објавата на „Фејсбук“, да се земе негова изјава.

Новинарството е токму тоа – да се пренесе вест и таа да биде поткрепена со изјави и со информации. Ако веќе се сака да се пишува за незадоволството на повеќе стари членови на СДСМ, тогаш треба тие „стари“ членови да се побараат и да се земе изјави и од нив.

Дека статусот на Мицковски е злоупотребен и ставен во контекст на политичка пропаганда, говори и неговата реакција, исто така преку „Фејсбук“. Но, секако, ваквиот негов став не е пренесен во текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести