verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Статус на „Фејсбук“ не е доказ дека има нова влада

on 23 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

naroden glas

 [Рецензија: ГОТОВО Е! ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА НАРОДЕ! ДУИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО СДСМ! Директорот на Цивил, Џабир Дерала објави на ФБ!]

 

Текстот што го рецензираме ја дезинформира јавноста за формирањето нова влада, повикувајќи се на статус објавен на „Фејсбук“, од страна на првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала. Написот не је зема предвид изјавата од портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој на 22 февруари вечерта изјави дека „централното претседателство на ДУИ нема да донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не“. Тој најави дека дебатата во партијата ќе биде маратонска и не ја исклучи можноста работната група на ДУИ да почне да преговара со работната група на СДСМ во однос на некои прашања за кои не се надминати разликите. Професионално исправната новинарска практика налага дека статус на „Фејсбук“ не смее да биде единствен извор за пишување текст.

vladaЛинк до оригиналниот напис: ГОТОВО Е! ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА НАРОДЕ! ДУИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО СДСМ! Директорот на Цивил, Џабир Дерала објави на ФБ!

Датум и време на објавување: 22.02.2016

Датум на рецензирање: 23.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА

На самиот почеток на текстот се вели дека „ директорот на невладината ЦИВИЛ, Џабир Дерала важи за  добро информиран“,  и тоа треба да биде „гаранција“ дека неговата објава на „Фејсбук“ дека формирана е нова влада, е стопроцентно точна и може да се пласира како вест!

Овој статус на „Фејсјбук“ може да послужи само како основа за проверување на изнесени тврдења. Односно, информацијата треба да се потврди од релевантни извори од двете партии, а  во конкретниот случај тоа  не е направено.

Во оваа куса вест  од само две реченици, има и говор на омраза, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се нарекува „фашистичка“ .

„Директорот на невладината ЦИВИЛ, кој важи за добро информиран со блиски конекции во раководството на сите поголеми македонски партии, со исклучок можеби на фашистичката ДПМНЕ, пред неколку минути одбјави на фб – ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА!“

Насловот е предолг, сензационален и дезинформирачки:

„Ова значи дека ДУИ само што донеле одлука да се коалицира со СДСМ, тие во моментов заседаваат во своето седиште во Мала Речица“.

Наспроти ваквото тврдење, ДУИ нема донесено таква одлука  во моментот на објавувањето на написот.

Текстот е несеопфатен и не нуди факти за она што го тврди, бидејќи освен објавен статус на „Фејсбук“, нема други докази дека е формирана влада. Ова е само уште еден шпекулативен текст за судбината на идната влада, за која, според информациите на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, ќе се решава в петок, на 24 февраури (2017).


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести