Етиката треба да биде над сензацијата
Објавено во Рецензии
on 1 - 08 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: Објавена фотографија од убиен припадник на кумановската група (ФОТО +18)]
Според новинарскиот кодекс, медиумските продукти што може да ги повредат чувствата на јавноста треба да се објавуваат со внимание. Во случај да се објават, треба да се избегне објавување слики што може да предизвикаат реакции, а, пред сè, проверката на идентитетот на лицата на таквите фотографии треба да биде сосема коректна.
Линк до оригиналниот наслов: Објавена фотографија од убиен припадник на кумановската група (ФОТО +18) (ВНИМАНИЕ: Возмемирувачка фотографија по отворањето на линкот)
Датум и време на објавување: 25.07.2015
Датум на рецензија: 26. 07. 2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Фотографиите во новинарството, исто така, се сметаат за средство за информирање и затоа и за нив важат сите етички и професионални норми. Написот што го рецензираме има фотографија која потенцијално може да предизвика негативни реакции, уште повеќе што е измешан идентитетот на жртвата.
Се вели дека на фотографијата се наоѓа еден од убиените од вооружената група од Косово, кој го изгуби животот по вооружената пресметка со специјалните единици на Република Македонија во кумановските настани.
Фотографиите првично се објавени на порталот „Буревесник“ на новинарот Зоран Божиновски, а потоа тие се објавени на речиси сите портали на албански јазик. Фотографиите со сензационални елементи се објавени од многу медиуми, без да се земаат превид етичките норми.
„Медиумите во таквите случаи треба да бидат внимателни. Заради јавниот интерес тие можат да бидат објавени, но има разни алтернативи како можат да бидат прикажани фотографиите од овој вид. Една од нив е да за покрие или да сe помати лицето.“
Ова е уште поважно поради фактот што за истата фотографија се појавија етички дилеми за идентитетот на жртвата. Во првата верзија на порталот „Буревесник“ се вели дека на фотографијата е Мирсад Ндрецај-Нато, додека медиумите на албански јазик пишуваа дека може да биде Џафер Зимбери. И двајцата се на официјалната листа на убиените во Куманово. Овој факт треба да служи како пример бидејќи е многу важно од професионален аспект, кога се работи за вакви објавувања, тие да не се објават без коректна проверка. Освен етичката повреда, тоа претставува и недостиг од сочувство кон членовите на семејството и кон јавноста.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
вознемирувачки
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови