verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Есапот во новинарството се расипува од коментари пласирани во вест

on 30 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-145-useini-i-pdsh-se-ia-prish-hesapet-bdi_-http___ina-online-net_useini-i-pds

 

Напис: Усеини од ДПА ѝ го расипа есапот на ДУИ во Делогожди

Адвокатот Адриан Усеини, кој ќе се трка за ДПА во петтата изборна единица, уште од неговиот прв говор, ја нагласи гордоста за неговото потекло и место на раѓање Делогожди, придобивајќи ја симпатијата на неговите соселани, кои долго време очекувале еден кандидат за пратеник од нивното село.

Структурите на ДУИ континуирано „инвестирале“ во ова населено место давајќи им функции на неколку поединци од ова село, но освен личните придобивки, општиот интерес и особено инфраструктурата во ова населено место, стагнирале со времето останувајќи целосно надвор од вниманието на власта, пишува порталот „Дрини“.

Кандидатурата на адвокатот Усеини, имајќи ги предвид горенаведените информации, но и неговиот семеен круг, изгледа овојпат ѝ ги расипал „есапите“ на ДУИ, која ова населено место го сметала за свој бастион за овој изборен процес.

 

[Рецензија: „Усеини од ДПА ѝ го расипа есапот на ДУИ во Делогожди“]

Не е обична работа да се одржи еден вид рамнотежа во известување и во претставување на сите политички партии од страна на медиумите. Особено сега, кога во Македонија има многу политички партии и се наоѓаме во предизборен период.

[Recension: “Useini i PDSH-së ia prish hesapet BDI-së në Dollogozhdë”]Линк до оригиналниот напис: Усеини од ДПА и го расипа есапот на ДУИ во Делогожди

Датуми време на објавување: 16.11.2016

Датум на рецензирање: 23.11.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Интересно е како вработените во порталите се позиционираат покрај политичките партии токму тогаш кога најмалку треба да го направат тоа. Се создава еден впечаток како самите лидери на политичките партии да стојат зад овие написи.

Овде се спомнува еден кандидат на ДПА, кој се кандидира во петтата изборна единица. Во текстот се кроени пофалби за него, велејќи дека со еден единствен говор кандидатот ги освоил срцата на жителите на село Делогожди. Недостига уште само реченицата или насловот од видот „И Хитлер би му завидувал на Усеини кој ја маѓепса публиката во Делогожди“.

Од друга страна е спомната ДУИ, но во еден сосема спротивен контекст. Според тоа што е напишано, оваа партија се обидела да корумпира дел од жителите на ова место, но дека, сепак, инфраструктурата во ова место останала надвор од вниманието на владата. Оваа констатација може да биде и многу точна, но работата е дека не требало воопшто да има таква констатација без да се докаже со факти или преку одреден извор. Ова е коментар и на новинарот му е забранета оваа практика. Можел да се обезбеди некој став од жителите на Делогожди кои би ги изразиле нивните жалби и загрижености што ги имаат кон ДУИ и власта.

Кандидатот Усеини, според авторот, ѝ ги расипал есапите на ДУИ. Гледајте колку отворено новинарот ја изразува својата аверзија кон партијата на власт и неговата симпатија кон кандидатот на ДПА. Вака изгледаат како мали пропусти што секој ден се прават од порталите, но ова е многу поголем проблем, што кажува за тоа како се сменети времињата и медиумите и колку станало лесно да пишуваш што сакаш, без никој ништо да ти рече и без никаква одговорност. Истовремено, ова зборува и за неверојатно лесниот пат на пласирање на информацијата на интернет.

Понатаму, вреди да се напомене дека секој објавен напис во рубриката за вести треба да биде ослободен од проценки и од мислења според личните впечатоци. Во проектот за верификација на факти во медиумите, оваа порака е нагласена стотици пати, но има медиуми што продолжуваат по старо, играјќи ја улогата на партиски портпароли.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести