verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ем позајмен напис, ем прикрива информации

on 19 - 11 - 2015       

httpdenesen-mkweb-crop-resize

 

[Рецензија: Познат Македонец уапсен во САД]

 

Веста што е пред нас само половично информира дека „познат Македонец е уапсен во САД“. Таа прикрива дека станува збор за синот на првиот премиер на независна Македонија.

http___denesen.mk_web_Линк до оригиналниот напис: Познат Македонец уапсен во САД

Датум и време на објавување: 17.11.2015, 07:50

Датум на рецензирање: 18.11.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЦЕНЗУРИРАНО

Написот нема проблем со вистинитоста, пренесува точна информација. Ама таа е нецелосна  – премолчено е дека се однесува на синот на Никола Кљусев, информација која беше објавена уште претходниот ден.

Овој материјал, според формата во која е пласиран, најверојатно, заедно со насловот е „позајмен“ од еден друг медиум.

Меѓутоа, во текстот што го рецензираме недостига првата реченица, која истовремено е и поднаслов, а во која се вели:

„Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“, пренесува агенцијата Мета.“

И, овој пасус, несомнено, не е пропуштен од невнимание, туку намерно е исечен за да не допре до јавноста целата вистина.

Тоа е потег што се коси со принципите на новинарскиот Кодекс, каде, меѓу другото, е наведено дека право и должност на новинарот е да ја спречи цензурата.

Од друга страна, пак, текстот не посочува презицно од каде е добиена ваквата информација. Имено, иако за илустарција е употребен принт-скрин од оригиналната вест објавена  во „Ферфилд дејли војс“, сепак, во содржинскиот дел на написот тоа воопшто не се споменува. Што, исто така, претставува пропуст.

Па, гледано во целина, на читателите им е понудена една „осакатена“ и непрофесионално пласирана информација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести