verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ексклузивно кон дното

on 11 - 07 - 2016       

 

 

Jahtata na Rada

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица фатена како се сонча на јахтата на Рада и по плажите хеленски во Заевите хациенди!]

 

Пропуст при проверка на автентичноста на очигледно монтирани фотографии или злонамерна презентација на деградирачки фотомонтажи за да се деградира специјалната јавна обвинителка? Во секој случај, имаме непрофесионална објава која е насочена кон лична дискредитација, навреда и омаловажување.

 

 

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО Катица фатена како се сонча на јахтата на Рада и по плажите хеленски во Заевите хациенди iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица фатена како се сонча на јахтата на Рада и по плажите хеленски во Заевите хациенди!

Датум и време на објавување: 06.07.2016

Датум на рецензирање: 09.06.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

 

МАМКА-НАСЛОВ ЗА РЕДИЦА ИЗМИСЛИЦИ

Сензационалниот наслов е полн со обвинувања за кои се очекуваат сериозни факти во текстот. Наместо тоа, се редат повеќе неосновани тврдења кои, видно, не се базирани на факти. Се тврди дека Јанева сама си ги давала атрибутите, кои првпат се појавија во странските медиуми. Се тврди дека Јанева (со „високата плата“ – небаре ја украла од народот) летува во Грција и дека тајно се среќава со лидерот на опозицијата, кој е опишан како припадник на клан.

Имаме изрази за кои не само што не се презентирани докази, туку и се емотивно обоени со омаловажувачки предзнак. Ваквата понижувачка форма на изразување се шири и кон другите обвинителки од Специјалното јавно обвинителство, кои се прозиваат за средби со опозициски лидери, со што имаме јасни докази за политичката пристрасност на коментаторскиот текст.

Текстот завршува со тврдење дека до редакцијата пристигнале фотографии од првата жена на СЈО.

„Предмалку пак, ни пристигнаа фотографии од претстојот на Катица во Грција на кои се гледа како таа ужива во сончањето на плажа и на јахта најверојатно во сопственост на Шеќеринска.“

 

КЛЕВЕТИТЕ СЕ „ПОТКРЕПУВААТ“ СО ФОТОМОНТАЖИ

Како е утврдено дека Јанева се наоѓа на наводна јахта на Шекеринска, не се знае. Текстот не се базира на факти. Што се однесува до „фотографиите“, веднаш се гледа дека станува збор за фотомонтажи – ликот и главата на Катица Јанева монтирани на тела кои се прилично покрупни од нејзиното.

Но, тие фотомонтажи се направени аматерски, а конечниот производ е повеќе од провиден, што се гледа од следните дилетантски зафати:

  • На првата фотографија косата на Јанева е подолга, а тенот на лицето не се совпаѓа со тенот на остатокот од телото.
  • На втората фотографија тенот не се совпаѓа со телото, светлото е од вештачки извор, а главата е во неприродна положба.
  • На третата фотографија, телото е диспропорционално големо во споредба со главата, која е поставена во неприродна положба.
  • На последната фотографија воопшто не се гледа кој е фотографиран.

Како и да е, ако е вистина дека „фотографиите“, односно фотомонтажите, пристигнале во редакцијата, воопшто не требало да се објавуваат, особено имајќи ги предвид основните професионални одредби, меѓу кои и:

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија. – член 11 од Кодексот на новинарите 

Текстот што го имаме пред нас ни од далеку не се придржува на општо прифатените стандарди на пристојност. Токму спротивното – имаме видна вулгаризација, која повторно е прекршување на Кодексот на новинарите.

 Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста – Член 15 од Кодексот на новинарите

Сѐ на сѐ, имаме објава која не ги почитува културата на говор и етиката. Наместо тоа, се редат неосновани тврдења со омаловажувачки предзнак, насочени кон обвинителките од Специјалното јавно обвинителство и кон членови на опозициска партија. Ваквиот обид за нивна дискредитација без никакви факти и официјални информации (зошто не се јавиле во СЈО за да побараат одговор за обвинувањата) укажува на еднострана објава, која во никој случај не смее да се нарече новинарски текст.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести