verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Едностраноста ѝ штети на правилната критика

on 20 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Чие „родно место„ е Шипковица, на Али или на Груевски?]

 

За да се направи споредба и да се даде суд за постапките на две личности од политичкиот живот или кои било јавни личности, не е доволно (не е професионално) да се прикаже само гледиштето на новинарот или неговите лични убедувања. Информацијата треба да се извлече од релевантни извори и од неприкосновени факти.

Almakos - Vendlindja e kujt eshte Shipkovica e Alise apo e GruevskitЛинк до оригиналниот напис: Чие „родно место“ е Шипковица, на Али или на Груевски?

Датум и време на објавување: 13.08.2015, 14:34

Датум на рецензија: 14.08.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Случајот на текстот што го рецензираме, кој не може да се смета за вест бидејќи му недостигаат главните елементи на една вест, е една споредба на активностите на двајцата политички лидери. Со едно читање на текстот се забележува едностраноста и субјективноста на авторот.

Нормално е новинарските написи да ги критикуваат постапките на политичарите, но тоа треба да се направи, прашувајќи ги и предизвикувајќи ги нив директно, преку анализи на познавачите на состојбите, преку пренесување на ставот на жителите на село Шипковица или преку други извори. Ако има индикатори дека партијата на власт, ДУИ, ја занемарува оваа област, секако дека новинарот треба да го покрене тоа прашање. Меѓутоа, личните и тенденциозни мислења не помагаат во обработувањето на прашањата кои се од интерес за граѓаните.

Целата идеја на текстот, врз основа на насловот и на малкуте негови редови, била да се каже „после 14 години Шипковица освоена од Груевски“, што е еден вид провокација. Таквите текстови, каде што едностраноста е евидентна, дури и во случај прашањата што се покренуваат да се легитимни, се косат со професионализмот и таквите вести не се сметаат за сериозни, што е во спротивност со професионализмот и со самата жалба на новинарот да биде критичен.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нема ниту еден извор

ниедна страна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

шпекулира

некреативен

шпекулативен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести