verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И со величењето се претерало

on 10 - 08 - 2016       

нглас

[Рецензија: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАКО ЌЕ ГРАДИ СДСМ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ : Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со 10 години блокирана сметка на општина Куманово, успеа да направи затворен и отворен спектакуларен базен каков што нема на Балканот!]

 

Пуштањето во употреба на олимписки базен претставува настан кој секако е од јавен интерес, но тоа бара техничка информација без навивање и без величење. А токму тоа е направено во објавата што ја рецензираме и која заслужува негативна оценка.

нгласЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАКО ЌЕ ГРАДИ СДСМ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ : Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со 10 години блокирана сметка на општина Куманово, успеа да направи затворен и отворен спектакуларен базен каков што нема на Балканот!

Датум и време на објавување: 1.08.2016

Датум на рецензирање: 8.08.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

НАВИВАЊЕ И ПРЕТЕНЦИОЗНОСТ

Пуштен во употреба новиот базен во општина Куманово. Толку би било доволно за да се пренесе информацијата дека жителите на овој град ќе имаат на располагање ново место за спорт и за рекреација. Но, тоа не е случај со краткиот текст што го имаме. Претенциозниот и неинвентивен наслов е полн со коментаторски елементи:

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАКО ЌЕ ГРАДИ СДСМ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ : Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со 10 години блокирана сметка на општина Куманово, успеа да направи затворен и отворен спектакуларен базен каков што нема на Балканот!

Серија спорни елементи се забележуваат во ваквата насловна формулација која, пред сè, е премногу долга. Најпрвин имаме јасна политичка пристрасност: „Еве како ќе гради СДСМ кога ќе дојде на власт“. Од каде постои ваква гаранција? Не е наведено дали се пренесува нечија изјава. Тврдењето е неосновано, а и сосема несоодветно е да се дава таква навивачка прогноза.

Понатаму, се тврди дека „градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц со 10 години блокирана сметка на општина Куманово, успеа да направи затворен и отворен спектакуларен базен каков што нема на Балканот!“.  И повторно имаме недостиг од атрибуција.

Во рамки на фотогалеријата не е наведена потврда, ниту е посочен изворот на информацијата дека Општината Куманово десет години работи со блокирана сметка. И тука се отвораат серија прашања кои остануваат неодговорени:

  • Како функционирала Општината 10 години со блокирана сметка?;

  • Ако ваков проект е изработен со блокирана сметка, тогаш од каде се обезбедени парите за градба? Дали е сè легално покриено во поглед на финансирањето на изградбата, ако парите не се обезбедени од општинската сметка?;

  • Од каде е информацијата дека градбата е спектакуларна? Истовремено, ова е јасен коментар;

  • Од каде е потврдено дека ваков базен нема на Балканот? Нема информации дека е направена споредба со слични објекти во регионот.

 

БЕЗ ПРОФЕСИОНАЛНА ДИСТАНЦА

Гледајќи на објавата како целина, најспорна е повредата на професионалното начело кое бара дистанцирање на новинарите од политичарите:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинарите

Дополнително, во членот 6 од Кодексот, децидно е наведено дека:

Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

На крај, вреди да се нотира и тоа дека изворот на фотографиите треба да биде јасно наведен, за на публиката да ѝ е јасно дали станува збор за репортажно известување или прилог изработен од материјали испратени од институција или политички субјект.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести