verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Една фотографија и многу шпекулации

on 9 - 08 - 2016       

kurir 1

[Рецензија: Дали Заев и шпионот Верушевски синоќа во „Пелистер“ договараa нова криза ?]

 

Крајно шпекулативно четиво кое наместо да ѝ нуди одговори на јавноста, поставува низа прашања проткаени со коментари. Вкупниот впечаток е дека материјалот не само што не успева да одговори на професионалните предизвици при креирање веродостоен напис, туку како и самиот да потврдува дека е продукт на политичко-партиски интерес, а не на реална медиумска потреба.

 111Линк до оригиналниот напис: Дали Заев и шпионот Верушевски синоќа во „Пелистер“ договараa нова криза ?

Датум и време на објавување: 05.08.2016,  19:51

Датум на рецензирање: 09.08.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗАГОВОРНИЧКО СЦЕНАРИО 

 Средба, се согласувам интересна, е искористена како лајт-мотив за пласирање исклучително проблематични тези кои ни оддалеку не се докрај проверени. Станува збор за состанок меѓу првиот човек на СДСМ и поранешниот шеф на УБК во кафеана во центарот на Скопје, што е темелот на написот и неговата контроврезна содржина со „заговорнички“ заплет.

„Дали Зоран Верушевски, обвинет за шпионажа и незаконско снимање на телефонски разговори и ослободен од притвор од страна на Катица Јанева, заедно со својот верен партнер и покровител Зоран Заев започнал со подготовки на нов план за креирање на криза во Македонија? Дали оваа криза е сценариото кое СДСМ го подготвува за да избега од избори?

Дали Заев, кој е аболициран за криминал тежок над 8 милиони евра, повторно подготвува нов план за продолжуање на состојбата на криза во државата?“

Многу „дали“, а ич одговори. Што е ова ако не класична шпекулација –  креирање теорија без цврст доказ.

Новинарските правила се јасни:

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинарите.

Тоа во конкретниот случај не е сторено. Напротив, обајвена е ептен непроверена информација, која се базира на една фотографија. Дополнително што ја нагризува вистинитоста е фактот дека ако требало да биде средба со конспиративни елементи, тогаш најверојатно не би се одржала на едно од најпрометните месата во Скопје.

 

СПИН-ЕЛЕМЕНТИ

Минималниот професионален ангажман се забележува и од отсуството на двојна проверка на информацијата. Имено, ја нема втората страна. Зошто не е побаран став од споменатите личности или од опозициската партија за причините за состанокот. Каков било одговор, макар и демант, ќе манифестирал желба за реално доаѓање до вистината, а не едноставно шпекулантство, зашто изнесените тврдења се во најмала рака обвинувања во најава за кои, сепак, треба да се имаат веродостојни факти за поткрепа.

Во тоа, секако, не помагаат коментарите со спин-елементи:

„Дали Зоран Заев повторно преку Верушевски ќе креира ново сценарио за бегање од избори кои СДСМ е извесно дека ќе ги загуби, ќе покаже единствено времето. Она што е јасно е дека каков и да би бил планот за дестабилизација на државата, подршката од народот за веќе видените и деструктивни сценарија на СДСМ е многу мала, а граѓаните се повеќе се гневни кон криминалните структури кои сакаат на власт без избори и добивање легитимитет од народот“.

Со ваквите формулации написот ниту добива содржајност, ниту квалитет. Напротив, текстот изгледа како да е „калапен“ во еден од партиските центри за комуникација со јавноста. Нејасно е дали читаме соопштение на владејачката партија или медиумски текст наменет за широка публика.

За жал, тоа е така кога партискиот интерес ќе се прикаже како државен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести