verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еден „лајк“, една вест

on 26 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 fireshot-capture-88-ermira-pelqen-videon-e-elizabeta-kance_-http___ina-online-net_ermira-pelqe

 

Напис: На Ермира ѝ се допаѓа видеоснимката на Елизабета Канческа, еве зошто! (Видео)

Пратеничката Ермира Мехмети ставила „лајк“ на видеоснимката на фејсбук-страницата „Странски служби“, каде што е објавен скандалот на министерката Елизабета Канческа-Милевска со микрофоните, но и поранешни скандали на оваа министерка, пишува „Лајм“.

Kако пратеничка, Мехмети неколкупати ја критикувала работата на оваа министерка.

Ова е видеоснимката на која ставила „лајк“ Ермира Мехмети. /Лајм/

 

[Рецензија: „На Ермира ѝ се допаѓа видеоснимката на Елизабета Канческа, еве зошто! (Видео)“]

Веќе некое време статусите на „Фејсбук“ почнаа да стануваат вести за порталите. Полека, се наметнува едно непишано правило секој статус од некоја јавна личност да може да се употреби како изјава или службен став, без да се земе потврдa од лицето што го напишало овој статус или некое друго лице на кое се однесува тој став или изјава.

Честопати во рамки на овие рецензии сме зборувале за тоа како треба да се третираат таквите јавни ставови, бидејќи секое изјаснување на јавните личности не може да биде основа за вест. Меѓутоа, сега, изгледа влегуваме во една нова „фаза“ на правење вести од таквите изјаснувања. И, таа „фаза“ може да се нарече инспекција на корисниците на социјалните мрежи, кои се јавни личности – на која фотографија или видеозапис ставиле „лајк“.

ermiramehmeti_like_ina_2Линк до оригиналниот напис: На Ермира ѝ се допаѓа видеоснимката на Елизабета Канческа, еве зошто! (Видео)

Датум и време на објавување: 21.10.2016

Датум на рецензирање: 23.10.2016

Рецензент: Агрон Врангала

 

Може да биде бескрајно чудно, но, еве, и ова било вистина. Да се напише една вест врз основа на тоа кој за што ставил „лајк“ на „Фејсбук“. Еден пратеник ставил „лајк“ на еден видеозапис каде се гледа како министерката ненамерно турка на земја еден микрофон за време на една конференција за печат. И ова се случува. Дали можеби новинарството оди напред со една многу брза динамика и ние сме останале зад светските трендови, со тие книги и „школски“ начела на новинарството, па секој нов пронајдок или пристап ни изгледа апсурден!?

Може да се консултирате со најновите изданија за новинарството во целиот свет. Доколку некаде пишува дека доволен е еден „лајк“ за да се направи вест, тогаш навистина не сме знаеле што е новинарство. Сега, може да се каже дека Ермира Мехмети неколкупати го критикувала делото на оваа министерка, додека „лајкот“ се употребил како мамка. Но, гледајќи од професионален аспект, за ова немало потреба и текстот би изгледал сосема добро доколку не направел ваква комбинација со „мамка“ за да ги привлекува читателите. Не е грешката во тоа што е објавен видеозаписот со министерката за култура, кој е колку комичен толку и значаен . Тоа е дел од забавните вести. До тука сè е во ред. Но, што бара Ермира во целата оваа приказна?

Ако ја посетите ФБ-страницата на „Странски служби“, ќе видете дека монтираниот видеозапис добил повеќе од 280 „лајкови“. Но, вистина е, еден од нив е даден и од ФБ-профил со името на Ермира Мехмети. И што? Вест претставува сè што може да биде од некој вид јавен интерес и што новинарот одлучува да го евидентира и како такво да го претстави во јавноста. Оваа вест не поседува никаков елемент што може да потврди такво нешто. Јавниот интерес тука е нула.

Што повеќе се шират текстови од оваа природа, толку повеќе се зголемува перцепцијата дека има потреба за подетално регулирање на интернет-медиумите, иако и за нив постојат правила, како во законите, така и во саморегулацијата. Обично луѓето од медиумите се против казните и регулирањето на професионалните начела со закон, но можеби исто толку треба да се спротистават и на дегенерацијата на професијата, која е дефинирана со правила јасни како ден и нема зошто да се дозволи некој да ги прекрши кога ќе посака.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести