verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Две страни прават една целина

on 2 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: „Вистинската ДУИ„ го зема под заштита Рафиз Алити од нападите на ДУИ!]

 

Кога се отвoраат дебати за одредени прашања, при пренесувањето ставови, новинарот треба да ги претстави сите страни за новинарскиот продукт што го пласира да биде што појасен за читателите.

almakosssЛинк до оригиналниот наслов: „Вистинската ДУИ„ го зема под заштита Рафиз Алити од нападите на ДУИ!

Датум и време на објавување: 31.08.2015

Датум на рецензија: 01.09.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме се однесува на ставот на претседателот на разгранокот на ДУИ во Радуша, Мухамед Рамадани. Веста известува дека Рамадани реагирал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ за некои обвиненија насочени кон попретседателот на парламентот, Рафиз Алити, кој доаѓа од селото Радуша.

„Вистинската ДУИ го зела под заштита Рафиз Алити – Командант Мсуси од обвиненијата кои што му се прават од „Секогаш ДУИ (фантомска ДУИ)“, која што пишува по нарачка и нарачател, вака претендира за медиумите претседателот на огранокот на ДУИ во Радуша, Мухамед Рамадани, известува Алмакос.“

Веста го пренесува ставот на Рамадани, но не го нуди ставот на другата страна, која го обвинува Алити. Пренесувајќи го и ставот на страната што обвинува, читателот добива една појасна слика за реалноста или, поконкретно, за темата што се обработува.

Претставувањето на само една страна ја прави веста еднострана и создава простор за сомнеж дека информацијата нешто крие. Читателот бара проверени вести и балансирани вести.

Со оглед на тоа дека во обвиненијата е опфатено и името на Рафиз Алити, би било редно новинарот да побара изјава и од потпретседателот на Собранието за овие обвиненија против него.

Со вклучувањето на сите страни, веста би била целосна и балансирана за читателот.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести