verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Доследност во пропагандата

on 13 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

06112016-Vecer-Soros

[Рецензија: Џорџ Сорос пере раце од Македонија!]

Многу е важно еден новинар или медиум да бидат доследни. Доследноста на ставовите се постигнува со претходно добро избрани извори, кои задолжително треба да ги инволвираат сите страни, добро и двојно или тројно проверени факти, кои ќе демонстрираат сеопфатност и избалансираност.

Се разбира, доследноста не е догма. Може да се случи и да се погреши или околностите да покажат дека некој од изворите манипулирал… Тогаш е најдобро да се признае грешката и да се поправат нештата. Ако треба, не е страшно и извинувањето.

Подолго време медиумот што ја објави медиумската содржина што ја рецензираме ја афирмираше тезата дека Џорџ Сорос ја генерира политичката криза во Македонија. Во недеогледната серија текстови, освен неговото име, и неговата фотографија беше ставана во пропагандистички фотомонтажи. Впрочем, како и фотомонтажата во овој текст.

Овие денови, јавноста во Македонија, преку дописникот на Македонската информативна агенција (МИА) во Брисел, беше известена со директна изјава на мултимилионерот дека тој нема ништо со настаните во Македонија

„Не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова“, истакна Џорџ Сорос, на директното прашање дали учествува во кризата и во нередите во Македонија.

И, сега, насловот на оваа медиумска содржина говори многу: прво за (не)доследноста на медиумот и, второ, за намерата овој директен одговор на директното прашање да се трансформира во нов не новинарски, туку пропаганден удар.

06112016 Vecer SorosЛинк до оригиналниот напис: Џорџ Сорос пере раце од Македонија!

Датум и време на објавување: 09.06.2016, 17:00

Датум на рецензирање: 11.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ИЗМИСЛЕНИОТ ВИРТУЕЛЕН НЕПРИЈАТЕЛ

Забележете ја суптилната манипулација на таа пропаганда: употребата на зборот „СОРОС“. Со сите големи букви. „СОРОС“, ниту како кратенка, ниту како организација, не постои во Република Македонија. Постои Фондација „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ), која е основана со поддршка на Џорџ Сорос, но таа во последните десетина и повеќе години, поголемиот дел од својот буџет за поддршка на граѓанското општество го добива од други донатори.

Но, заради потребата на пропагандата да има олицетворен непријател кон кого ќе бидат насочени медиумските „приказни“, измислен е „СОРОС“. Виртуелен непријател кој ги вклучува луѓето од Фондацијата, како и сите граѓани што учествуваат во актуелниот граѓанскиот протест во земјата.

 

НАВРЕДИ, КЛЕВЕТИ, ОМРАЗА

Од аспект на професионалните новинарски стандарди, во еден таков недоследен текст, очекувано е да најдете навредлив и недоличне говор:

„Очекуваната трампа со Гордан Георгиев на чело на Фондацијата не успеа ­ на чело на бандата по Милчин е избрана Фани Каранфилова ­Пановска, блиска другарка и соработничка на Радмила Шекеринска и ремек­дело на Владимир Милчин“. 

Потоа, сосема очекувано е да има говор кој поттикнува омраза и дискриминација, што е спротивно на член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија, кој вели:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Долготрајната доследност на пропагандата прави овој текст да не прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. А тоа строго го наложува членот 13 од Кодексот.

Се разбира, една таква позиција е во спротивност со членот 14 од истиот тој Кодекс, кој наложува дека известувањето од политичките процеси треба да биде непристрасно и избалансирано и дека мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Оттаму, сосема е јасна мотивацијата на овој текст – изјавата со која се порекнува инволвираноста на Џорџ Сорос во Македонија, да се стави во рамка за специјалните потреби на медиумот.

Другото се веќе видени клевети и навреди, без извори и докази. Стари приказни за Канвас и слично, што, всушност, илустрира доследност. Но, тоа е доследност во потребата да се пропагира однапред утврдена агенда. Тоа не е новинарска доследност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести