Дискриминирачко гледиште
Објавено во Рецензии
on 20 - 11 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Француски проблем]
Медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија, се разбира, е далеку од стандардите на новинарски производ. Единствената причина што ја земаме предвид за анализа од аспект на професионалните новинарски стандарди е што ја објавил медиум кој претендира да биде сериозен. Секоја дискриминаторска содржина или порака пренесена преку медиум е доволна причина за рецензија.
Тоа го препорачува членот 10 од Кодексот на новинарите кој вели:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
На оваа препорака се надоврзува и членот 11 кој нагласува:
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.
И не само новинартот, и не само за Македонија. Туку и медиумите треба да се придржуваат до овие препораки, а прашањата на општоприфатените стандарди за пристојност и за почитување на разликите не се ништо помалку важни и за другиот дел од светот.
Линк до оригиналниот напис: Француски проблем (фото)
Датум и време на објавување: 16.11.2015
Датум на рецензирање: 16.11.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Оттаму, сосема дискриминирачка, па дури и расистичка е постапката да објавите фотографија на фудбалската репрезентација на Франција од две генерации и да сугерирате дека „робовите си доаѓаат во матичната земја колонизатор“ и скриено да имплицирате дека тоа е причината за трагедијата од 13 ноември во Париз?!?
Зошто тоа не би било нешто друго: инклузија на сите, еднаква шанса за сите, без разлика на нивната раса или етничка припадност. Зошто таа визура не би била гледиштето на еден медиум?
Во прирачиникот „Етиката во новинарството“ (Чаусидис/Бојаровски, ЗНМ, 2012), во врска со известувањето за различностите, меѓу другото, се препорачува:
„Не учествувај во создавање негативен имиџ на одредена група или заедница! Да се биде различен, поинаков од мнозинството, да се биде малцинство многу често претставува голем товар за луѓето. Новинарот не смее да учествува во зголемувањето на тој товар. Никогаш не прави некоја заедница или група да се доживува како синоним за тероризам, граѓанска недисциплина, примитивизам, болести…“
Стереотипите се непријатели на доброто новинарство! Секој е различен. Затоа медиумите никогаш не смеат да си дозволат да портретираат или да пренесуваат портретирање кое во својата суштина пренесува пораки на дискриминација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Не се релевантни
Нерелевантно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
верска дискриминација, расна дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови