verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дезинформирање со непроверени информации

on 2 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

dokaz

[Рецензија: Али викнал полиција циркузи пред амбасадата на САД?]

 

Написот е шпекулативен и се темели на непроверени информации, што е спротивно на новинарските стандарди. Не е запазена новинарската форма ниту, пак, јазичниот стандард. Насловот е сензационалистички и има цел да привлече читатели. Истовремено, тој е нејасен и не дава целосна претстава за што конкретно се однесува текстот, а јазичните грешки и недостигот од соодветна интерпункција доведуваат до поголема конфузност.

ДоказМ.мк – Али викнал полиција циркузи пред амбасадата на САДЛинк до оригиналниот напис: Али викнал полиција циркузи пред амбасадата на САД?

Датум и време на објавување: 27.01. 2017

Датум на рецензирање: 30.01.2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

 

ЧИСТ СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

Написот почува со назнака дека веста е добиена од читател и дека треба да се земе со резерва, но според својата форма, воопшто не може да се каже дека е вест, бидејќи не се запазени правилата за пишување вест, а јазикот е несоодветен.

„Предупредувањето“ не е оправдување и не може да послужи за „амнестирање“ од одговорност за објавувањето на непроверени информации. Новинарскиот кодекс (член 1) налага секоја информација да се провери што е можно подетално и да се обезбеди потврда од најмалку два извори. Тоа, во случајот, не е сторено. Не е побарана изјава ниту од ДУИ, ниту, пак, од МВР, дека е добиено такво барање за испраќање полициски сили. Не е побарана ниту потврда од американската амбасада за наводната средба ниту, пак, за предупредувањето кое е испратено до вработените во амбасадата.

Во однос на изворот (дојава од читатели), за да се прикаже автентично, би требало да се направи „принтскрин“ од меилот или пораката што е испратена, а за да се заштити идентитетот, тие податоци треба да се затемнат. Вака наводно ископирана содржина не е уверлива. Со ништо не укажува дека станува збор за читател. Граматичките и печатните грешки и јазикот кој се користи не се никаква потврда за автентичност. Во вакви случаи покрај објавената слика од дописот, фрагментите од пораката кои во текстот ќе се користат како цитати при пишувањето на истражената и потврдената информација, се адаптираат и се средуваат граматички и јазично.

Написот е во спротивност со повеќе одредби од  Кодексот на новинарите, како што се, на пример, член 1, член 13, член 14 и член 15, а кои укажуваат дека новинарот мора да ги провери информациите (1), да прави разлика меѓу веста и коментарот (13), да обезбеди непристрасност при информирање за политички процеси (14) и да ги негува културата на говорот и етиката (15).


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести