verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дезинформирање и создавање паника

on 10 - 08 - 2016       

centarnews

[Рецензија: ПРЕКУ 50-ТИНА ЖРТВИ ОД СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ??]

 

Напис без текст!  Со невидена леснотија пласирање непроверени информации, дезинформирање на јавноста, создавање паника и конфузија кај читателите.

Писание конструирано без трошка одговорност, само со принтскрин од нечиј фејсбук- статус, без никаква содржина, објаснување или проверка на податоците кои се споделени во статусот.

Преку 50 тина жртви од синоќешното невреме во СкопјеЛинк до оригиналниот напис: ПРЕКУ 50-ТИНА ЖРТВИ ОД СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ??

Датум и време на објавување: 07.10.2016

Датум на рецензирање: 10.08.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ОД ЧОВЕЧКИ ТРАГЕДИИ

Статусот, пак,  шпекулира со една многу сензитивна тема – бројот на жртви од поплавата што го зафати Скопскиот Регион пред неколку дена. И наместо да се провери напишаното на „Фејсбук“, написот сензационалистички ја дезинформира јавноста и создава паника меѓу читателите за бројот на загинати, што е далеку од вистинско етичко новинарско известување во случај на несреќи.

На овој начин најгрубо се прекршува членот 8 од Кодексот на новинари.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

При изработката на овој напис, кој никако не може да се нарече новинарски продукт, воопшто не е побарана потврда за изнесените бројки од надлежните институции, кои се единствените што имаат официјални податоци. Нема изјава од Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување ниту, пак, од Итната помош или друга медицинска установа, иако официјална информација од МВР за бројот на загинатите имаше уште рано изутрината на 7 август,  по катастрофалната поплава.

Бројот на жртви подоцна се зголемува откако полицијата пронајде уште неколку тела на веќе пријавени исчезнати лица, но бројката и по неколку дена не достигна ни приближно до 50 загинати, како што (дез)информира насловот.

Фејсбук-статуси во ниеден случај не можат да бидат веродостојни за врз нив да се конструира напис кој допира до широката јавност. Таков статус може само да биде почетна точка и дел од низата на изјави што треба да ги содржи еден новинарскиот текст. Статусите на социјални мрежи можат да бидат и измислени, конструирани, па дури и напишани со одредена манипулативна цел.

Затоа новинарот мора секогаш да ги проверува информациите од неколку извори, меѓу кои и официјални институции, пред да објави нешто што влијае на јавното мислење и перцепција.

Ваквиот начин на објавување, освен членот 8, целосно го прекршува и членот 1 од Новинарскиот кодекс.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести