verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дедото не поминувал на пешачки на црвено, туку со возило удрил во семафор

on 18 - 11 - 2019       

[Рецензија: ФОТО: Дедо казнет -додека минувал пешачки се вклучило црвено на семафорот]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи дедото не бил казнет додека поминувал на пешачки премин, туку полицијата вршела увид на местото на несреќата во која учествувал тој. Содржината има интенција да предизвика емотивна реакција кај читателите за наводната „бездушност“ во работата на полицијата и на тој начин да обезбеди читаност.

Линк до написот: ФОТО: Дедо казнет -додека минувал пешачки се вклучило црвено на семафорот

Датум на објавување: 14.11.2019

Датум на рецензија: 18.11.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Според полициајците тој поминал на црвено иако дедото тврдел дека било зелено. Но најверојатно бидејќи споро се движел се вклучило црвеното светло на семафорот. Дедото молел да не го казнат.

Фотографијата на која се повикува текстот, наводно била направена од сведок, но истата не може да биде единствен доказ за вистинитоста на случката за која се пишува. Статусот на наводниот сведок, можел да биде повод да се провери во МВР, дали навистина дедото бил казнет бидејќи поминал на црвено поради спорото движење. МВР ја демантираше оваа информација, а вистината според нивниот билтен е сосема поинаква.

Станува збор за целосна невистина, бидејќи според пријавеното на 13.11.2019 околу 08.00 часот Н.Б.(76) од Скопје, управувајќи моторно возило „матиз“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб од семафор. Бил извршен увид од увидна екипа, а Н.Б. бил пуштен да си оди, се вели во демантот на МВР на нивната Фејсбук-страница.

Според извештајот на полицијата, прво тој не бил пешак, туку возач. И не бил сопрен бидејќи поминал на црвено, туку предизвикал сообраќајна несреќа во која, за среќа, учествувал само тој, но не се повредил и не повредил никого. Најнормално во такви ситуации е да се повика полиција и да се направи записник од несреќата.Така што, без извештај од терен и без информација од релевантна институција, ништо не значи една фотографија која во случајов  послужила за новинарски текст кој целосно ја дезинформира јавноста.

Емотивната порака на наводниот сведок, во секој случај,  не може да биде единствениот аргумент за текстот да се стави во одбрана на граѓанинот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести