verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дебата „Што донесе декриминализацијата на клеветата?“

on 10 - 03 - 2014       

logo-crm-malo

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 13 март 2014 (четврток), во Клубот на новинари, со почеток во 11.30 часот, организира дебата:

„Што донесе декриминализацијата на клеветата?“

Во  дискусијата  што  ќе  ја  модерира  новинарот  Саше  Димовски,  како  панелисти  ќе учествуваат: адвокатот  Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“,  Јадранка Костова и  претседателот  на  Здружението  на  новинарите  на  Македонија  (ЗНМ),  Насер Селмани.

Очекуваме  присуство  на  судиите  кои  ги  водат  предметите  за  навреда  и клевета во Основниот суд Скопје 2 Скопје, како и нановинари, експерти за медиуми, и претставници од граѓанскиот сектор кои се занимаваат со човековите права и слободата на изразување.

На  дебатата  ќе  биде  презентиран  првиот  извештај  од  мониторингот  на  судските случаи за навреда и клевета, кој го спроведува Центарот за развој на медиуми и кој го опфаќа периодот од 1 февруари 2013, до 28 февруари  2014 година. ЦРМ, континуирано ги следи судските случаи за навреда и клевета во кои се вклучени новинари, уредници и медиуми, а едновремено им обезбедува и правна помошна новинарите.

Имајќи го предвид фактот дека новиот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е од исклучително големо значење за слободата на изразување и слободата на медиумите  во  Република  Македонија,  дебатата  ќе  биде фокусирана  на  тоа  како  се применува  овој  закон  во  судската  пракса  и  какво  влијание  има  врз  работата  на новинарите и медиумите во државава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести