verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дебата: Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?

on 5 - 11 - 2014       

MDClogo

 

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 7 ноември  2014 година (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11 часот, организира дебата „Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?“

Како панелисти ќе учествуваат: директорката за право на „Медиа легал дифенс инишијатив“ (Media Legal Defence Initiative – MLDI) од Лондон, Нани Јансен, адвокатот Филип Медарски, уредничката на неделникот Фокус“, Јадранка Костова, уредникот на Слободен печат“ и на Плусинфо“, Бранко Героски, уредникот на порталот Либертас“, Ацо Кабранов, новинарот Синиша Станковиќ и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани.

На настанот ќе биде презентиран третитот извештај од набљудувањето на судските случаи за навреда и за клевета, кој го спроведува Центарот за развој на медиуми и кој го опфаќа периодот од јули до октомври 2014 година.

Нани Јенсен е правник и адвокат, која активно работи на заштита и на застапувањето на новинарите во светот, пред домашните и пред меѓународните судови. МЛДИ е меѓународна иницијатива која им дава поддршка на новинарите во заштитата на нивните права. Оваа организација во соработка со Центарот за развој на медиуми, веќе неколку години континуирано им обезбедува правна помош и на новинарите во Република Македонија.

 

Претплатете се за најнови вести