verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дебар не остана без епидемиолог

on 17 - 03 - 2020       

[Рецензија: Дебар остана без епидемиолог, градоначалникот Дука бара итно да се зголеми медицинскиот персонал]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, иако, извор на информацијата дека болницата во Дебар останала без епидемиолог, е градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. Информацијата ја демантираше и Министерството за здравство, од каде што беше посочено дека во дебарска болница има епидемиолог и не недостасува персонал.

Линк до оригиналниот напис: Дебар остана без епидемиолог, градоначалникот Дука бара итно да се зголеми медицинскиот персонал

Датум и време на објавување: 14.3.2020

Датум на рецензирање: 16.3.2020

Рецензент: Силвана Жежова

Откако единствениот епидемиолог и техничарот од работната единица на Центарот за јавно здравје се тестираат за заразеност од корона вирус, Дебар а со тоа и Центар Жупа останаа без епидемиолог, констатирано е на денешната средба на дебарскиот оперативен штаб со кој раководи градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

Текстот е објавен на Државната новинска агенција МИА, а оттаму, оваа дезинформација е преземена и од неколку други медиуми, по што Министерството за здравство излезе со демант. Сите медиуми, но посебно МИА која како државна агенција ја преземаат и цитираат голем број на медиуми, има огромна обврска да изнесува точни и проверени информации, посебно кои се поврзани со состојбата со коронавирусот.

Насловот создава паника имајќи предвид дека во моментот кога е објавен текстот (14.03.2020), најголемиот број од заболените од коронавирус се од Дебар, во карантин е територијата на Општината Дебар и Центар Жупа, а беше најавен и превентивен скрининг на 80 лица од тој регион. Оттука, за да не се создаде паника помеѓу граѓаните, официјалните лица треба да бидат внимателни во давањето на изјави или подоцна самите да се поправат во вид на исправка или слично.

Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници. Во моментов нема дефицит на персонал во болницата. Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје, се вели во ДЕМАНТОТ на Министерство за здравство.

Од Министерство за здравство уште еднаш апелираа да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции.

МИА го објави демантот, но не го повлече текстот. А како државна агенција заедно со Македонската радиотелевизија Владата им препорача, да ги објавуваат сите усвоени заклучоци, мерки и препораки за превенција од ширење на коронавирусот. Надлежните институции и новинарски здруженија постојано апелираат, медиумите да известуваат точно и проверено за коронавирусот, за да не се создава паника, а токму насловот на текстот кој го рецензираме е во таа насока.

Претставниците на институциите во овој период мора да бидат внимателни во давањето изјави, а новинарите  да се придржуваат до професионалните принципи утврдени во етичкиот Кодекс и да ги проверуваат информациите од најмалку два извора.

Овој напис е дел од специјалното известување на КриТинк за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести