verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цунами од конфузија во насловот

on 4 - 12 - 2019       

[Рецензија: ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Заканувачките бранови на само неколку километри од Македонија може да достигнат висина и до еден метар ]

Кога на интервју на „Сан“ со грчки сеизмолог ќе му накалемите македонска траекторија лесно ќе добиете една кармакаша. Ама тоа не е важно, бидејќи нели, заради интересот за темата ќе добиете кликови.

Порталот „Курир“ пренесува интервју што за британски „Сан“ го дал грчки сеизмолог, после серијата земјотреси во Албанија. Цел на интервјуираниот била да укаже дека тие настани можат да предизвикаат цунами, пред сè осврнувајќи се на неговата Грција. Но, порталот „Курир“ додал „шлаг на тортата“ со тоа што сакал да го зголеми интересот на домашните читатели и „ни дал премин“ до Јадранот, каде најчесто се епицентрите на албанските земјотреси. Па излегува дека и Македонија може да биде загрозена од цунами?! За да не побегне љубопитноста на читателите таа  „цунами конфузија“ е поставена во насловот.

Линк до оригиналниот напис: ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Заканувачките бранови на само неколку километри од Македонија може да достигнат висина и до еден метар

Датум и време на објавување: 29 ноември 2019, 12:30

Датум на рецензирање: 3 декември 2019

Рецензент: Љубомир Костовски

Текстот што е предмет на рецензија, пренесува интервју што грчки сеизмолог Алис Целентис, шеф на Институтот за геодинамика и национална опсерваторија во Атина – го дал за познатиот „Сан“ за она што се случува со тлото во Албанија. Дотука се разбира можеме да имаме разбирање, па и интерес за преносот на четивото. Сеизмологот, накусо вели дека ако истиот би се случил во поголем град бројот на жртвите би можел да е поголем. Тој додава и дека Грција секоја година има најмалку еден земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер во жариштето. Го споменува и фактот дека по вакви земјотреси е можен цунами.

Грчкиот сеизмолог е загрижен дека епицентарот на некој од земјотресите во иднина би можел да биде до некој град со што би се направило поголема штета.

-Атина би била погодена секако и сигурно некој други градови… Тука станува збор и за закана од цунами… Дури и бранови до еден метар би биле закана кога островите се толку згуснати. Иако се ретки постои навистина опасност од цунами – вели тој.

Секако дека кај сеизмологот се забележува една доза на сензационализам, бидејќи бранови од еден метар се речиси секојдневие и тие можат со часови да заплискуваат било чиј брег. Да речеме неодамна и без земјотрес Дубровник беше на удар на бранови од 9 метри и тоа подолго време, и тоа никој не го споредуваше со цунами. Така што, читателот веројатно – и со право – може да има потсмешлив однос кон целата таа сторија.

Но, она што може да се забележи на текстот на „Курир“, е дека во насловот е истакнато дека „Заканувачките бранови на само неколку километри од Македонија може да достигнат висина и до еден метар.“

Ова веројатно се должи  на обид преводот да се направи поатрактивен за читателот.

Преводот нема линк до оригиналот, па можеби е пренесен од соседскиот портал „Србија данас“, каде барем нема никакви додатоци.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести