verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Копи-пејст“ кршење на новинарскиот кодекс

on 11 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Тахири: Деградирање во медиуми, како од политиката така и од самата професија]

 

Неприфатливо е новинарот да ја објави туѓата работа како своја. Ако еден новинарски продукт се објавува без референца во која би се навело неговото авторство, тоа претставува злоупотреба на авторските права. Ова е во спротивност и со новинарскиот кодекс.

download (4)Линк до оригиналниот напис: Тахири: Деградирање во медиуми, како од политиката така и од самата професија

Датум и време на објавување: 08.09.2015

Датум на рецензија: 10.09.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме е пример за тоа како еден медиум не цитира друг медиум од кој го има преземено објавеното интервју. Интервјуто е преземено со „копи-пејст“ од друг медиум.

„Ви го донесуваме интервјуто со Сефер Тахири, доктор по комуникациски науки, аналитишар на медиуми и професор на Факултетот за Комуникации во УЈИЕ.“

Вака пишува во воведниот дел на текстот и продолжува интервјуто.

Интервјуто е дадено ексклузивно за „Сервис за проверка на факти во медиумите“, но тоа не е наведено во текстот што го рецензираме. Непочитувањето на авторските права во новинарството се смета за грубо кршење на етичките правила.

Плагијаторството е неприфатливо. Новинарот е должен да го цитира медиумот што има ексклузивност над одредена информација, но и да го праша авторот дали се согласува неговиот продукт да биде објавен во друг медиум.

Според член 12 од Новинарскиот кодекс на Македонија:

Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

Најголемата иронија е во тоа што интервјуто зборува токму за „копи-пејст“ културата во медиумите, при што таа се осудува. И токму ова интервју е преземено на тој начин!

Ова интервју е пренесено, во целина или делумно, и од други медиуми, но притоа е погрешно атрибуирано. Интервјуто е продукт на „Проверка на факти“, а не на „Порталб“.

Случајот со интервјуто на Сефер Тахири го покажува недостигот од етика и од колегијалност. Секако дека интервјуата или нивни делови може и треба да се пренесат од други медиуми, уште повеќе кога будат дебата и интерес. Оваа практика се применува и од познатите меѓународни медиуми, но секогаш треба точно да се наведе оригиналниот напис.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести