verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ем стара „вест“, ем „кромид-вест“

on 4 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Првата-земја-која-успешно-испрати-човек-на-Сонцето-crop-resize

 

[Рецензија: СЕВЕРНА КОРЕЈА НАПРАВИ ЧУДО: Првата земја која успешно испрати човек на Сонцето и потоа го врати на Земјата!]

 

Проблемот со написот кој е предмет на оваа рецензија е тоа што веста која ја пласира е стара повеќе од една година. Но, тоа не е сè. Доколку новинарот се потрудил да пребара малку на интернет, ќе видел и дека не станува збор за вистинит настан.

СЕВЕРНА КОРЕЈА НАПРАВИ ЧУДО  Првата земја која успешно испрати човек на Сонцето и потоа го врати на Земјата    iNFOMAX.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: СЕВЕРНА КОРЕЈА НАПРАВИ ЧУДО: Првата земја која успешно испрати човек на Сонцето и потоа го врати на Земјата!

Датум и време на објавување: 26.09.2015

Датум на рецензирање: 30.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Државната агенција на Северна Кореја денес објаве дека токму тие за прв пат во историјата на човештвото го испратиле првиот човек на Сонцето. Како што наведува С.Корејската агенција, астронаутот Хунг Ли Гонг околу 3.00 часот слетал на Сонцето во посебно дизајнирана ракета.“

Кога го внесовме насловот на овој текст на „Гугл“, видовме дека истата вест е објавена пред повеќе од една година и тоа на веб-страницата „Окно“. Значи, не станува збор за нова вест и за ништо ексклузивно. Она што е уште поинтересно е што веста е пара-вест, односно измислена. Но, новинарот во овој случај заборавил да го спомне тоа, или, пак, не забележал дека се работи за т.н. „кромид“.

Доколку авторот на овој напис се потрудил да пребара малку, ќе видел дека на оваа вест пред година и пол наседнале повеќе странски медиуми. Како што објавила веб-страницата thejournal.ie на 25 јануари 2014 година, „медиумите наседнаа на сторијата за северно-корејската ракета на Сонцето“.

Имено, приказната потекнува од ирска сатирична веб-страница.

Основна задача на новинарот е да ги проверува информациите што ги објавува, дали тие се вистинити или не. Авторот на овој текст очигледно не ја проверил информацијата, па, така, на читателите им сервирал стара, па уште и паравест.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

кромид

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

кромид

кромид

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

неточна

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

лажна агенциска вест

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

кромид

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести