verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цело е кога има втора страна

on 16 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

a1 on

[Рецензија: (ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија има проблем со веродостојноста. Не е консултирана втората страна, а нема ниту поткрепа на тврдењето кое е содржано во насловот, дека „директорката на еден од државните Студентски домови со сила спречила снимање за долг на домот од 70 илјади евра“. Изворите се еднострани, а тоа не е доволно за читателите да добијат целосна и јасна слика за напишаното.

-ВИДЕО Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра А1онЛинк до оригиналниот напис(ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра

Датум и време на објавување: 14.02.2017

Датум на рецензирање: 16.02.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

„Даниел Пауновски од Скопје не може да наплати над 70 илјади евра од Државниот студентски дом Скопје, па сега дури и забранет му е влезот за да ги бара парите. Директорката на домот, Даниела Темелкова денеска пушти обезбедување за екипата на А1он која го снимаше Пауновски, со образложение дека не смее да се снима на тротоарот пред домот, зошто тоа било нивна сопственост“.

Написот содржи две клучни информации. Првата е дека споменатиот Пауновски не можел да си го наплати долгот од повеќе од 70.000 евра од Државниот студентски дом Скопје. Втората информација, која е нагласена и во насловот, е дека директорката на домот не дозволила да се снима прилогот и испратила обезбедување да ја избрка новинарската екипа.

Проблемот во овој новинарски производ е што ја нема втората страна во приказната, директорката на домот, а нема ниту доказ дека таа го забранила снимањето на Пауновски.

Кога некој се обвинува за нешто, правилно и професионалано е да се побара негова изјава. Ако во случајов била побарана изјава од надлежните во студентскиот дом и ако биле одбиени, тоа требало да се напише.

Понатаму, ако е точно дека директорката била тука и ги бркала од тротоарот, зошто тогаш не била искористена можноста  да ѝ биде побарана изјава? Зошто тој настан не е снимен?

Вака пренесен написот е нецелосен и не е веродостоен. Изворите во него се еднострани, што ја доведува во прашање вистинитоста на изнесеното.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести