verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Целеле кон Шекеринска – го погодиле Стајковци!

on 22 - 08 - 2016       

vecher

[Рецензија: Шеќеринска не возела…кој ли ќе и верува?!]

 

Насловот на овој напис предизвика бројни споделувања и негативни коментари на социјалните мрежи. И со право, бидејќи, под маска на информација за сообраќајниот инцидент во кој учествувало возило на потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска, на јавноста како сензационалистичка мамка ѝ се подметнува политички обоен коментар и во насловот и во наднасловот и во поднасловот. Не треба да залаже тоа што самиот текст содржи коректно пренесени детали за инцидентот, изјава на Шекеринска, извадоци од соопштенија на МВР и на СДСМ за овој настан. Непрофесионалноста и неоснованото инсинуирање од насловот речито зборуваат кои биле намерите сокриени зад маската на информирање.

Рецензија: Целеле кон Шеќеринска-го погодиле Стајковци!Линк на оригиналниот напис:Шеќеринска не возела…кој ли ќе и верува?!

Датум и време на објавување: 17.08.2016, 16:09

Датум на рецензирање: 19.08.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

Фактите од написот, како што рековме, се точни. Тие се потпираат на веродостојни извори и тоа не еден, туку повеќе – изјава на Шекеринска како лице кое било во удреното возило, соопштение на компетентен орган – МВР, како и партиското соопштение од Социјалдемократскиот сојуз. И, дотука сè е во ред со написот.

МВР ВЕРОДОСТОЕН ИЗВОР ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА ШЕЌЕРИНСКА – ДА ИЛИ НЕ?

Но, она што боде очи е насловот:

„Шеќеринска не возела…кој ли ќе и верува?!“

Прво, ова се коси со самото соопштение од Министерството за внатрешни работи, во кое, меѓу другото, стои:

„Во незгодата учествувал џип „мицубиши паџеро“ со скопски таблички, управуван од А.Ш. (68), во кој сопатник била и Р.Ш.(44)…“

Ако полицијата утврдила дека потпретседателката на СДСМ била сопатник, а не возач, од каде тогаш логиката тоа да се спори, и тоа во наслов?! Настрана прашањето, дури и да возела (а МВР вели дека не возела), каква причина би постоела овој факт да се сокрива, кога возилото на таткото на Шекеринска било удрено од друго возило, а тоа се тврди и во самиот текст кој го рецензираме, па според тоа не било виновник за судирот?! Или, со други зборови – едно ни кажува насловот, друго написот.

Поврзано со ова, наднасловот, пак, вели:

„МВР и СДСМ потврдија дека татко и бил во џипот“

Значи, се прави уште една инсинуација дека Шекеринска управувала со џипот, а не татко ѝ, но дека МВР (и СДСМ) од некоја причина тоа го кријат.

На апсурдите тука не им е крајот. Поднасловот е приказна за себе:

„Џипот на Рада се движел во спротивна насока од Стајковци на оддалеченост од некои 150 километри“.

Што сакаше со ова писателот да каже? Човек може само да нагаѓа, се разбира, бидејќи местото на несреќата со скопското село Стајковци нема ама баш никаква врска ниту, пак, постои логика тоа да се лоцира според некој друг просторен репер освен главниот град на државата, односно Скопје.

И СТАЈКОВЦИ „ПРОЗВАНО“

Но, не треба да се биде ниту особено умен за да се сфати инсинуацијата – Шекеринска наводно „се дрзнала“ да патува надвор од Скопје во време кога сè уште се актуелни поплавите во скопското село Стајковци. Иако, тоа очигледно била идејата зад овој гаф, инсинуацијата не е особено интелигентна, бидејќи на читателот не му кажува ништо ниту за потпретседателката на СДСМ, ниту за нејзините активности, ниту за нејзиниот ангажман или неангажман околу поплавите во Стајковци. Ваква каква што е, таа забелешка звучи шупливо, недуховито и непотребно.

Да се направи случај, по секоја цена, дури и од една таква приватна и сериозна работа, каква што е сообраќајна несреќа, во која учесниците (со исклучок на девојката од другото возило) за среќа поминале без повреди, е еден речит пример за невкус и за непрофесионализам, кој не може да се оправда ниту со потребата за евтин сензационализам, која е очигледна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести