Рецензии

Играње со оган за политичко навивање

на 18. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Двојазичноста што ја форсира Заев го растура СДСМ]

  Употребата на јазиците на територијата на Македонија е чувствителна тема која бара внимателен и одговорен пристап во известувањето, имајќи ја предвид општествената одговорност на медиумите. Употребата на коментари, спинувањето и пребирање само на тие извори што одат во прилог на обидот за политичка дискредитација е спротивно на професионалните стандарди и создава потенцијал за разгорување на страстите. Линк до оригиналниот напис: Двојазичноста што ја форсира Заев го растура СДСМ Датум и време на објавување: 14.10.2016 – 09.59 Датум на рецензирање: 16.10.2016 Рецензент: Александар Пешев   РЕЧЕНИЦИ БЕЗ ПОТКРЕПА Текстот не дава подршка на тврдењата што се изнесуваат во насловот и во воведот. Употребените видеозаписи од изјавите на лидерот на СДСМ се

Да се понижи и да се дискредитира инакумислечкиот

на 18. 10. 2016 | | sq
[Рецензија: Камбовски и Фити ги нема во светската научна мисла, потребна темелна реформа на МАНУ] Внимателниот, елементарнио запознаен читател на медиумски содржини, прво што ќе препознае како недоследност во овој текст, односно прекршување на еден од членовите на Кодексот на новинарите, е подметнувањето на едно лично мислење во рубрика која не е предвидена за текстови од тој новинарски жанр. Имено, во рубриката „Македонија“ се пласира личен став изнесен на личен профил на една од социјалните мрежи. Освен што, како што вели еден наш колега, „Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување“, медиумската содржина се пласира во делот од порталот предвиден за вести и за информации од републиката. Таму нема место за мислења, а медиумот има, вусшност, предвидена категорија за изнесување

Веста не е професионална без ставот на критикуваната страна

на 18. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Синани – Албанци, слушнете ја химната на Заев, пред да се наредите до него

Главниот уредник на ТВ „Шења“, Исмаил Синани, реагира за химната со која претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги повика сите, дури и Aлбанците, да се наредат зад него во протестниот марш на 11 Октомври, пишува „Факте“. Синани на својот профил напишал: „Албанци, слушајте го внимателно националистичкиот марш со кој ве повикува Заев!
Во борба, македонски народе! За сите вие ентузијасти Aлбанци што сакате да учествувате во маршот на Заев на 11 Октомври, бидејќи сметам дека не сте ги разбрале стиховите на маршот со кој оваа партија ве повикува, еве го текстот во продолжение. Доколку се наоѓате себеси во овие стихови, одете! Но, не заборавајте

Сè е исто, само Бранко го нема!

на 18. 10. 2016 | |

[Рецензија: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)]

  „Бранко не чини, ама добар ни е за контра Заев“. Така накусо се опишува ова четиво со срамежливи промо-елементи за „стариот“ и со „клетви“ за новиот СДСМ. Исто како што до пред неколку години што и да направеше Црвенковски беше лошо, така е и сега – сите потези на СДСМ не чинат. Разликата е што сега ликот е Заев. Значи, сè  е исто само него го нема!  Линк до оригиналниот напис: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)  Датум и време на објавување: 11.10.2016, 18:01  Датум на рецензирање: 16.10.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

 ЦРНА КАМПАЊА

Простотилак еден тон, а факти ни за лек

на 18. 10. 2016 | |

 

[Рецензија: 20 милиони црни курови у уста да ви улагаат 20 милиона години пичка ви материна лоповска! ]

  Текстов не заслужува да се нарече „новинарски“ затоа што со тоа би се погазиле сите професионални стандарди. Вакво истурање навреди како во оваа објава не смее да се појави ниту како статус на социјалните мрежи, а не блог или на интернет-простор кој претендира кон квалификацијата „медиум“.   Линк до оригиналниот напис: 20 милиони црни курови у уста да ви улагаат 20 милиона години пичка ви материна лоповска! Датум и време на објавување: 14.10. 2016 – 20.47 Датум на рецензирање: 17.10.2016 Рецензент: Димитар Тануров   НАСЛОВОТ – УВОД ВО ГАДОСТИ! Таканаречениот наслов, освен што изобилува со пцости, не открива речиси ништо

Шекеринска е добра пријателка со секој со кој се слика!

на 17. 10. 2016 | |

[Рецензија: ФАТЕН ДРУГАРОТ-РАЗБОЈНИК НА ШЕЌЕРИНСКА: „Алфите“ во акција го уапсиле разбојникот и другар на Радмила Шеќеринска!]

  Текстот е полн со  шпекулации, коментари, лажни информации и намерно меша различни настани, при што ја манипулира јавноста да оформи негативно мислење за заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Написот категорично тврди, иако без докази, дека Шекеринска, наводно, е добра пријателка со разбојник кој извршил грабеж во скопски Хром. Линк до оригиналниот напис: ФАТЕН ДРУГАРОТ-РАЗБОЈНИК НА ШЕЌЕРИНСКА: „Алфите“ во акција го уапсиле разбојникот и другар на Радмила Шеќеринска! Датум и време на објавување: 11.10.2016 Датум на рецензирање: 17.10.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

И ПОЛИЦАЕЦ И СУДИЈА

„Сторителот бил Ѓорѓи Филиповски инаку познат на полицијата по голем број на кривични дела, наркозависник и член

Удри по Јанева и со виски!

на 17. 10. 2016 | |

[Рецензија: ПРОДОЛЖЕН МАНДАТ ЗА ВИСКИ: По неуспешната средба со Хан, Јанева и тимот на чаша виски во елитен ресторан]

  Пред нас имаме тенденциозен и навредливо интониран напис, насочен кон дискредитација на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим. Прво, текстот не нуди објаснување зошто средбата на Јанева со еврокомесарот Јоханес Хан се оценува како неуспешна, и второ, зошто како единствена причина да ѝ се продолжи мандатот на Јанева се споменува вискито?! Линк до оригиналниот наслов: ПРОДОЛЖЕН МАНДАТ ЗА ВИСКИ: По неуспешната средба со Хан, Јанева и тимот на чаша виски во елитен ресторан Датум и време на објавување: 14.10.2016 Датум на рецензија: 16.10.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

„СДСМОВСКА ТРАДИЦИЈА“?!

Текстот уште во насловот ги оцрнува Јанева и

Отворена хајка

на 17. 10. 2016 | |

[Рецензија: По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики]

  Наместо да направиме сè што е во наша моќ за да го запреме понатамошното уривање на кредибилитетот на новинарската професија, како што се доближуваат изборите загрижувачки се зголемува бројот на текстовите со кои драматично се урива угледот на медиумите.
Текстот што го рецензираме е нагласено  тенденциозен и не нуди аргументи што би ја докажале вистинитоста на обвинувањата што се нижат во него. Линк до оригиналниот напис: По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики Датум и време на објавување: 11.10.2016, 22:38 Датум на рецензирање: 15.10.2016 Рецензент: Александар Писарев  

АТМОСФЕРА НА ХИСТЕРИЈА

Атмосферата во текстот наликува на отворена

Веста не смее да исмева и да навредува

на 17. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Знаете ли зошто Оливер Андонов се нафати да биде кловн на ВМРО ДПМНЕ?]

  Написот, според својата содржина и начин на обработка, повеќе  наликува на маалско озборување, отколку на сериозен новинарски текст што ги следи професионалните стандарди. Објавата има единствена цел: да се потсмева и да го оцрни заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Андонов. Линк до оригиналниот напис: Знаете ли зошто Оливер Андонов се нафати да биде кловн на ВМРО ДПМНЕ?  Датум и време на објавување: 12.10. 2016 Датум на рецензирање: 16. 10. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Уште во самиот наслов кој има навредлива интонација е видлива намерата да се дискредитира личноста што се споменува: „Знаете ли зошто Оливер Андонов се нафати да биде кловн на

Текст кој наместо да информира, ја замајува јавноста

на 14. 10. 2016 | |
 

[Рецензија: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи]

  Овој текст е класичен пример за спин. Се повикува на соопштението од владејачката партија и на анонимни извори и ја турка приказната дека СДСМ, наводно, сака да ги одложи изборите закажани за 11 декември 2016 година, што нема никаква врска со фактите. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи Датум и време на објавување: 12.10.2016 Датум на рецензирање: 14.10.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НИТУ ЗБОР ЗА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ

„Фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието предизвика паника во СДСМ. Најголемата опозициска партија исплашена од соочување со волјата на народот очајно бара начин да ги одложи изборите