Рецензии

Спинување на поимот федерализација

на 8. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Со еднојазични постери Заев почна федерализацијата да ја спроведува на дело]

  Текстот што го рецензираме е школски пример за спин, бидејќи обвинува дека „со еднојазични постери, Зоран Заев започна федерализацијата да ја спроведува на дело“. Имено, федерализација на држава не се спроведува со печатење политички пропаганден материјал на јазик кој во државата е втор најупотребуван. Ниту постои пример за држава во светот која токму на тој начин била федерализирана. Оттука, се поставува прашањето дали државата и сега е федерализирана, бидејќи имиња на школи и на институции, освен на македонски, се испишани и на албански јазик, а притоа истиот овој јазик може да се користи и при пополнување официјални документи во македонските државни институции. Линк

Празна Илинденска за слепи очи

на 8. 12. 2016 | |
 

[Рецензија: Народот препознава предавници, ги казни со празна „Илинденска“]

  Чист коментар без факти, без докази, зачинет со лаги и со манипулации за тенденциозно формирање на негативна перцепција за опозицијата во клучни денови пред изборите на 11 декември. Текстот има јасна цел – пропагандистички да ја манипулира јавноста, нафрлајќи тези кои се неточни, а се претставени како конечна вистина. Линк до оригиналниот напис: Народот препознава предавници, ги казни со празна „Илинденска“ Датум и време на објавување: 04.12.2015, 21:56 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова И покрај известувањето од страна на голем број домашни и странски медиуми, написот сепак се дрзнува да манипулира дека митингот на СДСМ одржан пред неколку дена бил слабо посетен и дека немало луѓе. „Ниту

Кога се пишува за бројност, потребни се бројки!

на 8. 12. 2016 | |
  [Рецензија: Нервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје] Овој текст е тенденциозен и политички мотивиран. Аргументите што му ги нуди на читателот не ги базира на факти, туку на лични убедувања и притоа ги пренесува како коментари. Наспроти тоа, не се нудат егзактни информации. Линк до оригиналниот написНервоза кај Заев: СДСМ со помалку луѓе од лани на митингот во Скопје Датум и време на објавување: 04.12.2016 Датум на рецензирање: 08.12.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   „Помал број на лица беа присустни на митингот кој вечерва СДСМ го одржа во Скопје во споредба со митингот кој опозициската партија го одржа лани на 17 мај, е првиот и очигледен впечаток кој се забележува“. Во

Тенденциозни клевети за анкетата на ТВ „Телма“

на 7. 12. 2016 | |

[Рецензија: Нелогичности кои покажуваат дека анкетата на „Телма“ е тежок фалсификат]

  Текстот што го рецензираме не нуди докази за обвинувањето дека анкетата на „Телма“ за рејтингот на партиите пред изборите е „тежок фалсификат“. Во написот се констатираат „нелогичности“ во споменатата анкета и притоа се вели дека „доколку се соберат рејтинзите на партиите, како и процентите на неопределени гласачи, оние кои одбиваат да одговорат и се изјасниле дека нема да гласаат, тогаш не се доаѓа до 100 проценти“. Но, не може да се добие точно 100 проценти (кои наводно покажуваат дека анкетата е фингирана), бидејќи при пресметување на гласовите, имаме заокружување на децимални броеви. Правилото вели дека за да се заокружи децимален број, се гледа првата цифра што треба

Ретроградно, оцрнувачко и опасно четиво

на 7. 12. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Прво отворија штаб во џамија, а сега развејаа албанско знаме на митингот на СДСМ во Крива Паланка]

Хистерија! Како поинаку да се нарече текст кој, како и стотина слични на него, стокмени во еден центар, а „фотокопирани“ низ десетици медиуми, „урлаат“ со сета сила на какво било споменување на терминот Албанци, или, пак, присуство на албански знамиња на митинзите на опозицијата. Неважна е вистинитоста, коректноста и конечно импактот што ваквите производи го имаат врз публиката, битно е само да се продаде „ветер и магла“, по секоја цена, макар таа и била исклучително висока.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Прво отворија штаб во џамија, а сега развејаа албанско знаме на митингот на СДСМ во Крива Паланка  Датум и време

Ако „баба“ лаже, фотографиите не лажат!

на 7. 12. 2016 | |

[Рецензија: Слаб одзив, слаб говор- разочараност во СДСМ од очајниот митинг]

Текстот што е предмет на рецензија е тенденциозен и не ја прикажува вистинската атмосфера и бројност на присутните на митингот на Коалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ, што се одржа пред Владата на 5 декември (2016). Наспроти тврдењето дека митингот бил со слаб одзив, наводно, имало само 15.000 лица, фотографииите, но и снимките од дрон, покажуваат масовна присутност. Исто така, не се точни ниту тврдењата во насловот дека кај социјалдемократите постои разочараност од митингот, бидејќи СДСМ овој митинг и оној во Битола ги оцени како најмасовни во кампањата. Линк до оригиналниот напис: Слаб одзив, слаб говор- разочараност во СДСМ од очајниот митинг Датум и време на објавување:

Фотографијата, сепак, не ги заменува фактите

на 6. 12. 2016 | | sq

 [Рецензија: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп]

Краткиот напис од само две реченици остава простор за сериозни забелешки околу професионалните стандарди. Како единствен „доказ“ дека возило на едно јавно пертпријатие, наводно, се злоупотребува за изборни цели, е понудена фотографија со релативно ниска резолуција. Од ваквата нејасна фотографија воопшто не може да се види дали станува збор за службено возило и дали тоа  е „претоварено со новогодишни пакетчиња“, ниту, пак, во кусиот текст има некаква потврда за тоа дека се прави „предизборен поткуп“, како што се тврди во насловот. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп Датум и време на

Религијата како дел од медиумската пропаганда

на 6. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)

Лидерот на Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Челопек и за време на обраќањето, тој го прекинал говорот и почекал сè додека селскиот оџа не завршил со езанот и при тоа истакнал дека езанот треба да се почитува. Во продолжение можете да го проследите ексклузивниот видеозапис.  

[Рецензија: „Еве како Али Ахмети го почитува езанот (ВИДЕО)”]

Верата, односно религијата треба да биде нешто лично и кога се работи за јавни личности. Таа не смее да се употребува за производство на вести од јавен карактер, освен во случаи кога јавноста има интерес поврзан со оваа тема. Верувањето во Господ како лична особина не го дефинира присуството или,

Двоен удар за двојна манипулација

на 6. 12. 2016 | |

[Рецензија: Гласот за десно-центристичките коалиции е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата]

  Овој текст, всушност, е пропаганден материјал за позициите на власта која, пак, во последните денови од кампањата, најсилно што може игра на националистичката карта. Стратегијата е едноставна – „ние сме патриотската, а опозицијата е предавничката опција“. Очекувано е политичките партии да ги пласираат своите програми и тактики што е можно поагресивно, но она што никако не е прифатливо е валканата работа за нив медиумски да се одработува преку конструкција на изнасилени спин-написи. Таков е конкретниот случај.  Линк до оригиналниот напис: Гласот за десно-центристичките коалиции е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата Датум и

Тројански коњ

на 6. 12. 2016 | |
[Рецензија: Сорос ги мрази САД и ги саботира нивните интереси секаде во светот] Интересен документарен филм се појави деновиве во Република Македонија, во фокусот на изборната кампања. Филм со наслов „Светот по Сорос“. Емитуван на очекуван избор на национални и други телевизии. Кога велиме интересен, не го велиме тоа заради тоа што е добар или иновативен, или оригинален. Напротив, тој „документарец“ е спакувана рециклирана содржина од веќе познати поенти од кампањата против Џорџ Сорос, кој кај нас се идентификува со Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија. Веќе многу пати џвакана и изџвакана гума за тегавење. И сега се најде некој си продуцент кој помислил дека ако на таа потрошена, бајата гума за тегавење, ѝ додаде арома од две-три изјави од декларирани