Рецензии

И снегот (зло)употребен во политички цели

на 12. 01. 2017 | |

[Рецензија: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО)]

  Дали веста што ја рецензираме информира, дезинформира или оцрнува? Одговорот на ова прашање ќе се добие доколку се анализира содржината и фотографиите што ја дополнуваат. Се работи за таканаречена „фото-вест“, односно информација која појаснува фотографија од местото на случувањето, поточно од неименувана улица во Куманово, прекриена со снег, за време на неодамнешниот студен бран што ја зафати Македонија кусо по новогодишните празници. Линк до оригиналниот напис: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО) Датум и време на објавување: 6.01.2017 Датум на рецензирање: 10.01.2017 Рецензент: Југослава Дуковска     Според расположливите информации од медиумите, Куманово со денови беше еден од најстудените градови во Македонија. Дополнително, се информираше за тоа дека

Заев нападнат иако не е градоначалник, а за другите градови се молчи

на 12. 01. 2017 | |

 

 

[Рецензија: Струмица како Гармиш- Партенкирхен, еве каде може да се санка Заев во центарот на Струмица (ВИДЕО)]

  Текстот што го рецензираме е спин, односно има извртување на вистината, бидејќи за неисчистените улици во Струмица се обвинува „градоначалникот“ Зоран Заев, кој, всушност, веќе не е носител на таа функција. Неговиот мандат како градоначалник му престана во моментот кога го доби пратеничкиот мандат. Во моментов Заев има заменик, а во процедура е, преку Министерство за локална самоуправа, да се назначи в.д. градоначалник. Во текстот има и фотографии од Заев, кои се искористени за повторно извртување на вистината, сакајќи да се прикаже дека додека тој се забавува, струмичани мака мачат со неисчистените улици. Инаку, од Општина Струмица испратија и официјално соопштение

Тајните средби се разоткриваат со факти и со докази

на 12. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Тајна средба меѓу Ахмети и Груевски за новата влада

Tајна средба се одржа меѓу лидерите на партиите на власт ВМРО – ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, вечерва во Скопје, пишува „Факте“. Според изворите на порталот, средбата што завршила пред еден час меѓу владините партнери дошла по преговорите на работните групи од двете партии во изминатите денови и за кои сме известиле претходно. Според информациите, двајцата лидери ги анализирале заедничките позиции постигнати од групите од двете партии и ги процениле понатамошните чекори. Инаку, од ДУИ изјавија дека не почнале преговори со ниедна македонска партија (ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ), и дека продолжува координацијата со другите албански парламентарни субјекти, акт кој беше поддржан и од премиерот на Албанија, Еди Рама. /Факте/

„Фото-одбрана“ со пристрасни коментари не е одбрана

на 12. 01. 2017 | | sq

 

 

[Рецензија: ШТО ПРАВЕШЕ ГРУЕВСКИ ВО МАВРОВО: Додека опозициските медиуми лажеа дека бил на преговори со Џафери, еве што се случуваше во Маврово!]

  Тенденциозниот наслов е соодветен на содржината на непрофесионалниот текст со фотографии кои се употребуваат за своевиден спин, поточно извртување на вистината за темата која е предмет на интерес.   Линк до оригиналниот напис: ШТО ПРАВЕШЕ ГРУЕВСКИ ВО МАВРОВО: Додека опозициските медиуми лажеа дека бил на преговори со Џафери, еве што се случуваше во Маврово! Датум и време на објавување: 04.01.2017 Датум на рецензирање: 10.01.2015 Рецензент: Александар Пешев   ЦЕЛО ВРЕМЕ ЛИ ШЕТАЛЕ ПО СНЕГОТ? Преку насловот се тврди дека „опозициските медиуми лажеа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил на преговори со Муса Џафери“. Спорно за ваквиот вид

„Тајна средба“ на јавно место и сред бел ден?!

на 11. 01. 2017 | | sq

 [Рецензија: КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА БЕСА: СДСМ крева раце од формирање на Влада, заедно со радикалите од Беса спремаат насилни протести!]

  Една средба е доволна да се изнесат куп манипулации, да се испревртат фактите и да се добие реалност далеку од фактичката. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и раководството на движењето Беса одржале средба за која медиумот тврди дека била тајна. Доколку средбата навистина била тајна, тогаш како има неколку новинарски екипи на местото каде што се одржувала и зошто ако средбата е толку тајна, таа би се одржала во партиското седиште на Беса, кое се наоѓа на многу јавно место во трговскиот центар „Мавровка“?! Линк до оригиналниот напис: КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА

Трач-муабети и етикетирање, а никаде извори и факти

на 10. 01. 2017 | |

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Илче Гебелс за малце ќе ги уништел преговорите меѓу ДПМНЕ и ДУИ кои се во тек!]

  Коментаторски и едностран напис во кој се забележува пристрасност, а никаде не се гледаат професионалните новинарски стандарди, имајќи предвид дека целата приказна се темели на непроверени чаршиски муабети.   Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Илче Гебелс за малце ќе ги уништел преговорите меѓу ДПМНЕ и ДУИ кои се во тек!  Датум и време на објавување: 03.01. 2017 Датум на рецензирање: 09. 01. 2017 Рецензент: Димитар Тануров   СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИ НАСЛОВ Насловот е навредлив, тенденциозен и сензационалистички, поради првиот дел, кој најавува некаква „бомбастична“ приказна. Со тоа се обидува да го привлече вниманието, користејќи го зборот „ексклузивно“. Исто така, недозволива е употребата на

Текст во служба на политиката наместо на читателот

на 10. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Африм Гаши, со сè уште непотврден мандат, во служба на ВМРО-ДПМНЕ

В петок, значи утре, во 13 часот, ќе се конституира новиот собраниски состав со пратениците избрани на изборите од 11 декември. Од тоа што дознава порталот „Фол“, партиите уште пред да почне седницата се конфронтирале во врска со правилникот за тоа кој треба да ја води конститутивната седница. Избраниот пратеник од Движењето Беса, Африм Гаши, наместо да го одбрани правилникот за тоа кој треба да ја води конститутивната собраниска седница, тој се изјаснил дека не е важно кој ќе го води Собранието. ДУИ веќе една недела вели дека според правилникот, седницата треба да ја води најстариот пратеник, кој е чичко Бранко изјаснет како Албанец, но на ова

Kога скандалот не е поткрепен новинарски, веста станува скандалозна

на 10. 01. 2017 | | sq

 

Напис: „СКАНДАЛ: Функционер на ДР-ДПА не ја негира информацијата за средба меѓу Зијадин Села и Муса Џафери (Фото)“

По средбата во саботата меѓу лидерите на Алијансата за Албанците со Али Ахмети, реагирал и Џемал Арслани од Струга. Тој напишал дека ова не е прва средба на Зијадин Села со претставници на ДУИ и дека Села и претходно имал средби со Муса Џафери во ресторантот „Воденица“ и во „Агрополог“ на патот Скопје – Тетово. Тоа што нè зачудува најмногу, е одговорот на висок функционер на ДР-ДПА, Агон Ферати, на статусот на Арслани. Како што можете да видите на сликата подолу, Ферати не ја демантира средбата меѓу Зијадин Села и Муса Џафери кај „Воденица“, но во исто време го обвинува Арслани

Жерновски тенденциозно критикуван за снегот

на 9. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Жерновски го изненади снегот во јануари, улиците неисчистени (ФОТО)]

  Во текстот што го рецензираме, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, неосновано се обвинува дека службите на Општината не ги чистат улиците во Центар. Станува збор за дезинформација, бидејќи речиси истовремено со објавувањето на овој текст, до медиумите стигна соопштение од Општината во кое се информира дека снегот во Центар се чисти со четири возила и на улиците се фрлени неколку тони сол. Исто така, градоначалникот Жерновски на својот профил на „Фејсбук“ остави контакт-телефон на раководител во Општината, за граѓаните да се обратат доколку на некоја од улиците не е интервенирано од службите. Линк до оригиналниот напис: Жерновски го изненади снегот во јануари, улиците неисчистени (ФОТО) Датум и време

Новинарите треба да произведуваат вести, а не политички упатства

на 9. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Средбите за обединување треба да ги организира Билал Касами, а не Али Ахмети

Да беше совесен Али Ахмети, ќе го признаеше поразот, давајќи му можност на Билал Касами да организира средби за обединување на партиите со латинични букви. Мендух Тачи веднаш го призна Билал Касами како татко на опозицијата во вентилаторот, и исто така, ова го призна и Зијадин Села. Правилата на средбата за обединување околу вентилаторот треба да ги одреди Беса, Алијансата и ДПА. Доколку на ДУИ ѝ е толку при срце интересот на Албанците, треба да ги почитува условите на опозицијата што претставува 120.000 гласачи наспроти 87.000 гласачи на ДУИ! Ние, како дијаспора, би посредувале меѓу партиите со латинични букви, како и меѓу партиите со кирилични