Рецензии

Желбите се едно, а професионалните вести сосема друго

на 17. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик-премиер на Груевски?!

Давањето на мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ја зачуди јавноста во земјата, а и меѓународната. Експертите за правни прашања велат дека овој акт е противзаконски, затоа што Никола Груевски го нема парламентарното мнозинство за да биде токму тој мандатар на новата влада. Дел од експертите велат дека ќе треба да се состави експертска влада. За одлуката на Иванов да му се даде мандатот на Груевски, денеска се изјаснија и од Алијансата за Албанците и од Движењето Беса, пишува „Тетова 1“. Алијансата за Албанците е категорична што се однесува до одлуката да не биде дел

Каша-попара од текст

на 16. 01. 2017 | | sq
  [Рецензија: СДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии] Овој текст е полн со шпекулации и со рекла-кажала муабети. Информациите кои се пласирани во него немаат извор ниту, пак, некаква реална потврда. Написот е политички мотивиран и е тенденциозен.   Линк до оригиналниот написСДСМ Ѝ СЕ ДОДВОРУВА НА ДУИ: Прифатлива е платформата на албанските партии Датум и време на објавување: 10.01.2017, 13.57 Датум на рецензирање: 16.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   НАСЛОВОТ НЕ Е ПОДДРЖАН ВО ТЕКСТОТ Самиот наслов е во голема мера ударен и сензационален и на прв поглед изгледа убедлив. Но, кога ќе се прочита текстот, ќе се сфати дека тоа што се тврди во насловот нема никаква поткрепа. На самиот почеток

Текст што сокрива детали и ја тера водата на една воденица

на 16. 01. 2017 | |
  [Рецензија: Уставот е јасен: Ако Груевски не формира влада,­ ќе има нови избори]   Компликувањето на ситуацијата со составување коалиција која би обезбедила потребно мнозинство за да добие „изим“ од претседателот на државата Иванов, односно за да излезе „на мегдан“ во Собранието, создава некаква политичка нервоза на која не одолеваат ниту медиумите. Кај некои од нив таа се открива полесно, особено ако при тоа се креирани „факти“ кои се обидуваат да направат конфузија во теоријата и во практиката на парламентаризмот. Текстот што го анализираме е еден од тие. Зошто?   Линк до оригиналниот напис: Уставот е јасен: Ако Груевски не формира влада – ќе има нови избори Датум и време на објавување: 11.01.2017 ­ 17:45 Датум на рецензирање: 13.01.2017

„Скандал“ без доказ и без потврда

на 16. 01. 2017 | | sq
  [Рецензија: СТЕВЧО И БЕТИ УЖИВАА ВО МОСКВА – ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ!] Шпекулации и непотврдени информации, презентирани коментаторски, се нудат на јавноста како потврден „скандал“. Написот е тенденциозен и сензационалистички, но не донесува никаква потврда дека тоа што го пишува е вистинито. Во текстот е наведено дека „медиумот дознава“, се вели дека информациите се од „дел од вработените“, но нема ниту една изјава на вработен во Општината, па макар и анонимна. Доколку изворите сакале да останат анонимни, тоа треба да биде соодветно наведено и истакнато, што не е случај со овој напис.   Линк до оригиналниот напис: СТЕВЧО И БЕТИ УЖИВАА ВО МОСКВА – ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ! Датум и време на објавување: 11.01.2017 Датум

Понижувачки коментари накалемени на вест

на 14. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: ПАВЛЕ, РЕЗИЛ ЕДЕН НЕПИСМЕН: Неукиот Павле проба да се пресмета со Груевски и тотално се избламира]

  Текстот е коментаторски, навредлив и омаловажувачки и едностран. Се коси со професионалните новинарски стандарди, не само во поглед на речникот, туку и во однос на професионално избалансираното информирање.   Линк до оригиналниот напис: ПАВЛЕ, РЕЗИЛ ЕДЕН НЕПИСМЕН: Неукиот Павле проба да се пресмета со Груевски и тотално се избламира Датум и време на објавување: 11.01. 2017 Датум на рецензирање: 14. 01. 2017 Рецензент: Димитар Тануров   НАСЛОВОТ ГИ НАЈАВУВА НАВРЕДИТЕ Самиот наслов укажува дека текстот е коментаторски и дека повеќе ќе се фокусира на навреди и на вулгарности, отколку на презентирање новинарски производ. Згора на тоа, фотографијата која е објавена со

Едностраноста и непрофесионализмот немаат рогови

на 13. 01. 2017 | | sq

 

Напис – Дискриминацијата нема рогови: За албанските населби автобуси на два часа, за кај Mакедонците на секои 15 минути!

За да се види дека Aлбанците во Македонија се дискриминирани, не е потребно некое големо истражување. Доволно е да се погледне рапоредот на jавниот превоз и веднаш ќе видите една реалност на секојдневниот живот, која е горчлива, но со која Aлбанците се соочуваат со голема мака. На еден жител од Студеничани му се случило да чека автобус полни два часа, додека, пак, автобуси кон населбите со Mакедонци поминуваат на секои 15 минути. „Во македонските населби, претпријатието за јавен транспорт има на располагање автобуси на секои 15 минути, а за албанските населби не само што се ретки, туку се случува за

Без докази ексклузивното останува шпекулација

на 13. 01. 2017 | | sq

Напис – Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200 милиони евра за формирање на владата

Порталот „Мактел“, повикувајќи се на истражувани извори, вели дека ВМРО на Груевски ѝ понудила на ДУИ околу 200 милиони евра за составување на идната влада на Македонија, пренесува новинската агенција ИНА. Изворите велат дека преговорите за идната влада ги води Муса Џафери со Сашо Мијалков и дека нивните средби се остварени во еден скопски хотел. Порталот дознава дека преговорите првенствено почнале со 50 милиони евра во готово, а другиот дел преку други фирми, вклучувајќи ги тука и тендерите во идната влада. Но, како што се зборува, ова сума не е прифатена и ДУИ побарала 200 милиони.  

[Рецензија- „Eксклузивно: ВМРО ѝ нуди на ДУИ 200

„Рециклирана“ стара вест

на 13. 01. 2017 | | sq
 

[Рецензија: Ким Јонг Ун се прошета на новиот аеродром, го егзекутирал архитектот]

  Текстот што го рецензираме е стара вест (од јули 2015 година) за прошетката на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, а објавена е во јануари 2017 година. Иако веста е точна и нема ништо спорно во неа, сепак на читателите им се нуди стара информација, која погрешно информира за времето на настанот. Сите читатели не би знаеле дека ова се случило пред повеќе од една година, па би ја перципирале како актуелна вест. Медиумот што ја пласираше веста по неколку часа напиша извинување до читателите поради актуелизирање на стара вест, но, сепак, не ја избриша веста. Линк до оригиналниот напис: Ким Јонг Ун се прошета на

Релативизирање на кривично дело во борба за кликнувања

на 13. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Љубовна драма во Гостивар: Тетовка грабната од поранешниот љубовник]

  Во текстот е пренесена информација од полицски билтен и тоа е коректно направено. Проблемот е во насловот кој е сензационалистички и кој, според тоа како е поставен, ја намалува тежината на кривичното дело. Линк до оригиналниот напис: Љубовна драма во Гостивар: Тетовка грабната од поранешниот љубовник  Датум и време на објавување: 09.01. 2017 Датум на рецензирање: 12. 01. 2017 Рецензент: Димитар Тануров    

НАСИЛСТВО И ЉУБОВНА ДРАМА НЕ Е ИСТО

Сензационалистичките и бомбастични наслови вообичаено се сметаат за добра шанса за собирање кликнувања, но честопати знаат да ја искриват сликата, како што е случајот и со овој напис. Самото квалификување на злоделото како љубовна драма придонесува за негово

Несериозноста на еден напис!

на 12. 01. 2017 | | sq

Напис: Несериозноста на една средба…!

Идејата за обединување на албанскиот политички спектар околку една заедничка платформа во Македонија беше чесна и погодена идеја, за која Aлбанците во Македонија имале потреба овие 25 години. Иако првично беше добредојдена за Aлбанците, последната средба во Приштина кај оспорениот претседател на Косово, кој нема мандат да се појави како обединувачка фигура, бидејќи истиот не успеа да ја исполни оваа улога во Косово поради бојкотот на опозицијата при неговото избирање како претседател, ја избледува оваа чесна иницијатива. Исто така, Албанците во Македонија имаат сè уште свежи сеќавања, кога токму пред изборите истиот тој претседател се замеша во предизборната кампања со некои неискрени титули кои им ги додели на неколку политичари. Исто така, и пристапот што