Рецензии

Рецензија: Репортажа – Преку Лојане во Европа

на 28. 06. 2013 | |
Текстот (репортажата) е привлечна за рецензија поради тоа што овој новинарски жанр е поретко застапен во медиумите, но и поради актуелизирањето на состојбата со мигрантите по податокот дека МВР разбила криминална група што преку територијата на Македонија успеала да пренесе околу 250 мигранти.

Рецензија: Причина за пукањето во Бутел е девојка

на 27. 06. 2013 | |
Кусата информација е превземена од полициски билтен. Но, кога таквата информација станува новинарска вест, мора да биде точна, јасна, сеопфатна и напишана според стандардите. Причина за рецензијата е што оваа вест го задржува административниот полициски јазик наместо да се преработи во четиво привлечно за читателите.

Рецензија: 16.000 за секое трето дете за секоја жена

на 27. 06. 2013 | |
Написот е со сензационалистички наслов, но со отсуство на факти во содржината кои ја потврдуваат неговата веродостојност. Нејасна е целта на написот, дали е таа да се претстави животот на мајки кои имаат три деца или едноставно, да се промовира помошта што ја дава Владата за секое третородено дете, мерка што се спроведува од 2008 г. Напомена: Рецензијата се однесува на оригиналната верзија на написот, објавена на 21 јуни (слика 1). До 24 јуни на крајот на написот е додаден параграф кој го објаснува насловот (слика 2).

Рецензија: Интервју со Богдан Илиевски – “Бетмен Велит” дипломиран архитект, колумнист, блогер

на 26. 06. 2013 | |
Правење интервју со одредена личност на одредена тема е една од потешките новинарски задачи. Истражувањето за подготовка на прашањата е клучен сегмент од процесот. Поводот треба да биде актуелен, а објавувањето на интервјуто треба да биде благовремено. Прашањата треба да бидат прецизни и да го доловат мотивот поради кој се прави интервју на дадена тема со избраниот соговорник. Целата работа добива на тежина ако станува збор за интервју во живо на некој од електронските медиуми.

Рецензија: Кежаровски не може да одговара кривично ако го штител јавниот интерес

на 26. 06. 2013 | | sq
Текстот „Кежаровски не може да одговара кривично ако го штител јавниот интерес“, е предизвик за рецензија поради неговата актуелност, компаративните примери за слични случаи, практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и поради контроверзноста на постапката, со оглед дека новинарот е притворен во 2013 година за дело, наводно сторено во 2008.

Рецензија: Луѓе со богато работно искуство дел од македонската Влада

на 26. 06. 2013 | |
Текст на ДЕНЕШЕН ги има сите елементи на ПР текст, а пласиран е како новинарски производ во рубриката која донесува вести од Македонија, без притоа да биде наведен авторот на текстот. На почетокот е наведено дека списокот е изготвен од Курир (не прецизирајќи дали се работи за порталот Курир или се мисли на друго), но во остатокот од текстот, вклучително и коментаторскиот дел, нема повторување на изворот, што е вообичаена практика кога се превзема материјал од друг медиум или се пренесува изјава или тврдење од некој надворешен извор. Иако насловот зборува за „луѓе со богато работно искуство“ кои работат во македонската Влада, од 20 наведени личности, за осуммина нема наведен ниту еден детал од богатата биографија освен земјата од која

Рецензија: Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија

на 20. 06. 2013 | |
Текстот „Најскапа патарина во БиХ и Хрватска, најевтина во Македонија и Србија“ е привлечен за рецензија заради неговата информативна природа и споредбените елементи за состојбата во тематската сфера во регионот.

Рецензија: Со влезот во ЕУ Хрватска ќе смени дел од стиховите во химната

на 20. 06. 2013 | |
Авторот на „веста“ може да биде многу горд. Неговото дело го објавија десетина македонски медиуми и најмалку уште толку регионални медиуми. Во што е проблемот? „Веста“ не е точна! Државни агенции, национални телевизии и интернет изданија на тиражни весници наседнаа на „кромид“!