Рецензии

Рецензија: Научно докажана силата на крстот

на 12. 09. 2013 | |
Информацијата дека руски научници научно ја докажале моќта на основниот христијански симбол-крстот, според сите критериуми би бил една од главните вести на сите светски информативни медиуми, во моментот на обелоденувањето на таквото откритие. Поради тоа, овој напис разбирливо генерираше голем интерес на социјалните мрежи. Насловот во форма на тврдење („Научно докажана силата на крстот“) и цитирањето на називот на научната институција („лабораторијата за медицинско-биолошки технологии „НИИ“, за индустриска и морска медицина во Москва“) го осигурува првичниот интерес на читателот. Сепак, и површното истражување на оваа тема на Интернет фрла сосема поинакво светло и на самиот текст и на тематиката која тој ја обработува. Написот е пренесен текст, кој е, пак, превод на неодамна објавен текст на ВАСЕЉЕНСКА ТВ, српски православен

Рецензија: Македонските археолози ја открија Билазора – најстариот град на Балканот

на 12. 09. 2013 | | sq
Објавениот текст повеќе прикрива отколку што открива нови факти и податоци. Содржината на текстот има суштински конфликт со насловот. Очигледен е обидот одново да се направи сензација со тема која, исто така, сензационално e третирана и пред пет години. Актуелните откритија наведуваат на сознание дека истражувањата сѐ уште се во рана фаза, а веќе се пласираат епохални откритија во глобални рамки, во прилог на античките корени на македонската нација. Линк до оригиналниот напис: Македонските археолози ја открија Билазора – најстариот град на Балканот Датум и време на објавување: 12.07.2013 Датум на рецензирање: 10.09.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите во текстот се базирани на претпоставки, кои со текот на истражувањата ќе треба да се докажат низ научната методологија. Основниот проблем со

Рецензија: Зголемен интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“

на 10. 09. 2013 | | sq
“Граѓаните покажуваат голем интерес за купување стан преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, за што потврда се околу 200 јавувања на заинтересирани граѓани во август, од кои, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел, велат од компанија „Адора Инженеринг“ која го поддржува овој проект”. Ова е дел до написот на порталот кој е замислен ако водич низ градот и еден вид на репрезент на активностите кои се карактеристични за Скопје. Но,  доколку сакате да добиете вистински и исчистени од сите политички интереси информации ќе бидете соочени со потреба од селектирање при читањето. Овој текст е пример како претераната грижа за владините пропагандни агенди некогаш вродува со – контрарезултат! Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Уапсен Кили, во подрум одгледувал марихуана

на 10. 09. 2013 | | sq
Македонските медиуми одново станаа пример како масовно и речиси без исклучок се повредува пресумпцијата на невиност и правото на личен и семеен живот со веста дека еден наш естраден уметник, во последно време и водител на емисија на младинско радио, е уапсен заради одгледување на марихуана во семејна викендичка. Иако текстовите за лицата за кои е отворена истражна постапка ги пуштаат со иницијали, во обработката на повеќе начини нивниот идентитет се открива до крај, на многу места и со објавувања на фотографии. Онаа фотографија објавена во дневниот весник „Дневник“ секако заслужува особено внимание, бидејќи на особено груб начин ја повредува потребата за заштита на една личност сѐ до судската и извршна пресуда со која недвосмислено се докажува вината на едно

Рецензија: Геноцид во Македонија: Абортирани 1 милион бебиња од 1977 до денес

на 10. 09. 2013 | | sq, en
Кога во еден наслов ќе се најде и зборот „геноцид“ и зборот „бебе“, вниманието на читателската публика е загарантирано привлечено. И насловот и најголемиот дел од содржината на текстот се така конципирани што не оставаат простор за сомнеж кој е ставот на авторот и на редакцијата по прашањето на измените на Законот за абортус, што летово беа жешка тема во домашната јавност. Годината која се спомнува во насловот, 1977, е година кога бил донесен Законот за абортус, чиишто одредби беа предмет на измени со барањето за измени по итна постапка, од страна на Владата на РМ. Поврзувањето, пак, на тешката квалификација „геноцид“ со остварувањето на легалното право на жената за планирање на семејството укажува на идентична идеолошка матрица зад овој

Рецензија: Обама се двоуми бидејќи Русите собориле Ф-22 и 4 Tomahawk проектили?

на 5. 09. 2013 | | sq
Во време кога сите очи на светот се завртени кон Сирија и Блискиот Исток, заради најавениот напад на американските воени сили врз оваа земја, овде е пренесена вест од не сосема познат извор во која се вели  дека е соборен еден американски ловец од типот Ф-22 Раптор и четири ракети од типот Томахавк. Нападот наводно се случил на 31 август на границата меѓу Јордан и Сирија, ловецот бил соборен, а „американските генерали се за тоа шокирани бидејќи авионот е уништен многу професионално, вклучувајќи ги и пресретните моќни Томахавк проектили“. Во пренесената вест се наведува дека проектили биле срушени еден ден порано (30 август) со рускиот противвоздушен систем Панцир -1 и дека сето ова влијаело што претседателот Обама се пишманил и

Рецензија: Европските фабрики работат турбо

на 3. 09. 2013 | | sq
Тешко дека може да се каже оти „Европските фабрики работат турбо“, како што гласи насловот на оваа вест. Такво нешто не е можно ако се знае дека посочениот индекс на менаџерите на набавки, кој следи редица варијабли што се однесуваат на производството и активностите на фабриките во Еврозоната (PMI – Purchasing Managers Index на компанијата Markit) покажува раст само два месеци по ред, откако претходно бележеше пад уште од средината на 2011 година. Нејаснотиите произлегуваат од фактот што не е објаснет овој индекс – што тој мери, како мери и слично. Кога ова би било објаснето, тогаш состојбите со производството во Еврозоната би биле далеку појасни во оваа вест и не би се довеле во ситуација во насловот за

Рецензија: Врие во СДСМ: Незадоволство од стравот на раководството од избори

на 2. 09. 2013 | | sq
Насловот бомбастичен – во текстот ниту трага од најавеното. Иако се тврди дека „Во СДСМ врие“ од незадоволство што новото раководство се определило да не учествува на евентуални предвремени парламентарни избори, самиот напис поставува прашања (без прашалник) и донесува мислења на консултирани аналитичари, но не дава ниту еден аргумент или изјава, па дури ниту анонимна, во полза на тврдењето дека во опозициската партија постои раширено незадоволство на членството од одлуката на партискиот врв. Тезата од насловот, се чини како да се гради исклучиво врз основ на коментар на приватниот Фејсбук профил на близок соработник на поранешниот претседател: „Сега кога не здробија на криминални локални избори остро изјавуваме дека веќе на такви избори не учествуваме. Добро бар ги добивме Ранковце, Струмица,

Рецензија: Кокаинот корисен за човечкиот мозок – го зголемува капацитетот

на 2. 09. 2013 | | sq
Сензација по секоја цена, па и по цена на изнесување невистини! Тоа е првиот впечаток што се наметнува откако ќе се прочита целиот напис, кој првенствено провоцира со својот сензационалистички наслов, но и со содржината. Потребно е да се биде внимателен и упорен, да се истражи потеклото на информациите кои ги пласира порталот каде што овој текст е објавен, за да се открие вистината зад овој текст, а таа е сосема поинаква од тврдењето дека кокаинот е користен за човековиот мозок и дека му го зголемува капацитетот. Се работи за лошо сублимиран и уште полошо преведен сегмент од текст, објавен на сајтот MailOnline, за истражување спроведено на Калифорнискиот Универзитет, со кое е докажано дека кокаинот кај опитните глувци ги зголемува

Рецензија: Македонка од секс партија кандидат за пратеник во Австралија

на 30. 08. 2013 | | sq, en
„Се надеваме како Македонци кои живеат во Австралија наскоро ќе се радуваме на изборот на Македонец во Австралискиот парламент“.  Оваа реченица ја одразува суштината на текстот објавен во неделникот, на порталот, а која се однесува на веста за кандидатурата на Македонка за наредните парламентарни избори на седмиот континент, кога кумановката Невена  Спировска ќе се обиде да стане пратеник од Калвел, сојузна државата Викторија, во сојузниот Парламент. Прилогот, освен што се обидува „да нѐ зарази“ со патриотската гордост, не ни предава детали од програмата на партијата со  куриозитетно име, која се чини далеку поинтересна од местото на нејзиното раѓање. Линк до оригиналниот напис: Македонка од секс партија кандидат а пратеник во Австралија Датум и време на објавување: 28.08.2013, 21:13 Датум на