Рецензии

Рецензија: Тинејџерка се самоуби поради Фејсбук

на 28. 10. 2013 | | sq
Самоубиството за кое се работи во текстот се случило во Индија, но фактот што земјата е далеку не ја намалува одговорноста за него да се известува со голема внимателност. Вниманието во случај на самоубиство мора да биде златното правило зашто постои ризик на имитирање на чинот. Во овој случај веќе во самиот наслов “Тинејџерка се самоуби поради Фејсбук” покажува неодговорност со оглед на големиот број тинејџери кои користат Фејсбук. Опасноста поврзана со улогата на медиумите во однос на самоубиството е дека може да бидат еден вид „олеснувач“ за лицата, особено младите и ментално почувствителните лица, кои веќе размислувале да му стават крај на својот живот. Линк до оригиналниот напис: Тинејџерка се самоуби поради Фејсбук Датум и време

Рецензија: Брзорастечкото дрво пауловнија станува бизнис од илјадници евра

на 28. 10. 2013 | |
„Изработка на мебел, чамци, дрвени куќи, штици за сурфање или музички инструменти, се само некои од производите за кои се користи брзорастечкото мазно дрвото без јазли. По потекло од Kина, пауловнија сѐ повеќе почнува да се одомаќинува и во Македонија. Насади со чудно дрво со високи стебла и со огромни листови во облик на срце веќе може да се видат во Струмица, Прилеп, Штип, Јегуновце, Радовиш, Гевгелија, Градско, Неготино и во Скопје“. Медиумот донесува сторија за нов вид дрво кое, за оние што го одгледуваат, носи вистинско богатство. Не веднаш и бара трпение, ама затоа има речиси сигурен пазар. Самиот напис е практичен совет за нашите земјоделци и не само за нив, туку за секој кој располага со малку парче

Рецензија: СДСМ против руски и кинески инвестиции во Македонија

на 28. 10. 2013 | | sq
Текстот со наслов „СДСМ  против руски и кинески инвестиции во Македонија“, преку класичен спин сака да ги убеди читателите  во главната поента од насловот. Наместо  избалансиран извештај за собраниската дебата посветена на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатските делници Миладиновци-Штип  (Скопје-Свети Николе – Штип) и Кичево Охрид,  објавен е еден тенденциозен напис кој се потпира на  конструкции . „И покрај најавите дека најголемата градежна компанија во Кина може да ги гради овие автопатишта, СДСМ повторно како во случајот со Газпром се обиде да фрли дамка врз оваа крупна инфраструктурна инвестиција“. Линк до оригиналниот напис: СДСМ против руски и кинески инвестиции во Македонија
Датум и време на објавување: 25.10.2013 – 13:04 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Голи од Солунска глава пратеници на ВМРО-ДПМНЕ испратија честитка за денот на ВМРО

на 28. 10. 2013 | |
Дали секоја информација заслужува да биде медиумска вест. Одамна е утврдено, а добро е повремено да се потсетуваме на најважните критериуми кои определуваат една информација да биде медиумски вредна (newsworthy). Овие критериуми неодамна тука со нас ги сподeли и колешката Билјана Илиќ, која во новинарската лекција под наслов „Зошто шлицот на Груевски стана вест на денот?“ укажува дека за една информацијата да се „квалификува” да стане вест, таа треба да содржи новост, да има влијание врз луѓето (импакт што може да се одбрани и да се измери – колку повеќе луѓе се засегнати од веста, толку таа повеќе вреди), да се однесува на настан или на состојба која е што поблиску до нас (блискост), да се однесува на познати луѓе

Рецензија: Па, не мора и пред деца!

на 28. 10. 2013 | |
Текстот кој започнува со реченицата “Има ли новинарска етика во информирањето?” ја брани тезата дека новинарите не можат да поставуваат било кое прашање во секое време и на секое место.  Висок политичар викнал новинари за да се промовира. Но, според текстот, тие новинари треба да внимаваат на прашањата што ги поставуваат за да “не вознемируваат”. Според новинарската етика токму прашањата се основната алатка на еден новинар, без разлика каде се наоѓа, за да може да си ја изврши задачата. Фактот што висок функционер бил опкружен со деца не смее да го спречи новинарот професионално да постави прашање. Ако високиот функционер не сака да одговори на прашање поврзано со актуелноста што го следи, тој е одговорен за опкружувањето во

Рецензија: Руско-американски конфликт среде Скопје

на 25. 10. 2013 | | sq
Текстот со исклучително впечатлив наслов „Руско-американски конфликт среде Скопје“ информира  за изградбата на куќа од три ката и со површина од над 300 квадратни метри,  веднаш спроти  Американската амбасада во Скопје. И притоа користи неофицијални извори, што на одреден начин  е разбирливо,  посебно кога се во прашање вакви чувствителни теми.  „ Изградбата на објектот, според сознанијата на „Република“, бил дел од остра комуникација меѓу претставници на Амбасадата на САД и седиштето на ДУИ во Мала Речица. Од кабинетот на лидерот Ахмети се барало објаснување зошто во општина каде владее неговата партија е подигнат објект, што се смета за можна причина за загрозување на американските безбедносни интереси во Македонија…“ Линк до оригиналниот напис: Руско-американски конфликт среде Скопје
Датум и време на

Рецензија: Најмалку новинари, најмногу “уфрлени“ лица на денешниот протест

на 25. 10. 2013 | | sq
Новинарскиот протест против пресудата за затворска казна за колегата Кежароски, одржан на платото пред Музејот на револуционерната борба на 23 октомври, беше јавен настан, кој се одвиваше среде бел ден, пред бројни сведоци, па обидот на овој текст да ги оцрни демонстрантите и опозицијата и да ја забошоти грубоста на полицијата кон учесниците на протестот, преку напис, кој, со мали измени, беше објавен во повеќе медиуми од слична провениенција, не се покажа како добар потег. Главната теза на написот е дека на протестот имало најмалку новинари, едвај педесетина, а дека „поголем број од протестантите беа ‘уфрлени’ од оние на кои им одговараат немири штетни за Македонија“ , за понатаму во текстот да заклучи дека „Сликата која ја видовме денес наликува

Рецензија: Другата страна на случајот Кежаровски, за што е осуден новинарот?

на 25. 10. 2013 | |
„Томислав Кежаровски нанесе неправда, не само на Бреза, туку и на оние кои чекаа правда за убиството во ова село. Фактот што е новинар не смееше да биде причина за тој да не биде казнет.“ Жанровски нејасниот текст, објавен ден по главниот настан, има проблем со неколку професионални и етички стандарди. Но, реченицата што ја цитиравме, а што се наоѓа на крајот од текстот, може да биде сечија, но никако

Рецензија: Момчињата кај Рампа возеле со 200 на час?! (ФОТО)

на 24. 10. 2013 | |
Пред нас имаме вест објавена непосредно по сообраќајна несреќа во која има петмина загинати. Времето на објавување на информацијата е важно од аспект на засегнатите страни во случајот, поточно од аспект на почитувањето на болката на семејствата на жртвите. Токму поради тоа, главната забелешка во текстот е тоа што се темели на неофицијални извори како и непроверени информации. Независно од тоа што шпекулацијата дека двајца од загинатите се браќа, не е вистинита, сепак, вреди да се спомене дека ова е информација која лесно се проверува и нејзината вистинитост може да се докаже, доколку новинарот вложи труд, без да се потпира на претпоставки. Трката за ексклузивна информација, ја прави веста невтемелена на официјални извори, иако фактите за кои се говори може

Рецензија: Селективна солидарност: Опозициските советници блокираат поради Центар, а таму закажуваат седница

на 24. 10. 2013 | |
Уште еден текст во низата „Државата vs. Општина Центар“ во кој повторно улогата на тупаница за разрешување на дисфункционалната, растурена, истошувачка, а на моменти и насилна врска централна – локална власт во Општина Центар ја презема медиум. Илузорно е во овој текст, кој очигледно е шаблониран, да се бара втората страна на приказната, која не само што ја нема, туку е јасно и дека воопшто не била „планирана“ во процесот на подготовка. Значи, целта не била да се информира, туку само исклучиво да се куди, што само по себе веќе добива форма не на новинарски, туку на партиски текст.  Линк до оригиналниот напис: Селективна солидарност: Опозициските советници блокираат поради Центар, а таму закажуваат седница Датум и време на објавување:  22.10.2013