Рецензии

Рецензија: Македонските музеи меѓу побезбедните во регионот

на 15. 11. 2013 | |
„Исчезнувањето на предметите од Музејот на Македонија минатата недела го отвори прашањето како се заштитени нашите музеи. Исчезнувањето на одликувањата на Јованка Броз, кои беа украдени непосредно по нејзиниот погреб во Kуќата на цвеќето, беа инспирација за српскиот портал да направи фељтон за кражбите во музеите во Србија и во регионот. Серијалот го завршуваат со организираниот криминал со уметнички дела и антиквитети, силна мрежа распространета во целиот свет. Анализите покажуваат дека овој бизнис е вирус од кој не можат да се заштитат ниту најразвиените земји во светот“. Весникот прави серија текстови за кражбите на нашите уметнички вредности од музеите. Во овој прилог, конкретно, се настојува да се покаже дека безбедноста во овие установи е повисока од земјите во регионот, како

Рецензија: Морална одговорност, што беше тоа?

на 15. 11. 2013 | |
Текстот со  наслов „Морална одговорност, што беше тоа?“ претставува убав пример на интересна и солидно обработена тема. Написот го третира прашањето за моралната одговорност на политичарите и притоа посочува стручни мислења од политиколошки и социолошки аспект, кои му даваат дополнителен квалитет на овој материјал. Провокација за темата авторот наоѓа во актуелните случувања на домашната политичка и јавна сцена. „Во последните неколку недели се случија неколку инциденти кои ја вознемирија јавноста, грабежи на музеи, сомнителни смртни случаи во болниците, но ретко кој од раководителите презема одговорност за случувањата во институцијата што ја раководи и чека да се утврди вина“ Линк до оригиналниот напис: Морална одговорност, што беше тоа? Датум и време на објавување: 13.11.2013 Датум на рецензирање: 14.11.2013 Рецензент:

РЕЦЕНЗИЈА: СДСМ преку Саше Политико му праќа пораки на Андреј Петров?

на 14. 11. 2013 | |
Кога имате прашање во насловот, кога за да докажете една теза употребувате, на пример, паралела „да се дојде од Скопје до Гевгелија, се оди преку Охрид“, кога во целиот текст за главната информација трошите само, и тоа буквално, 1/8 од просторот кој ви го намениле, а преостанатото оди на т.н. background, кога се користат неименувани „високи“ партиски извори за да се потврди „тврдењето“ дека „овој е близок со оној“, а сѐ со цел да се зададе удар, а не да се информира, добиваме токму ваков производ, кој еден колега, чинам, ги категоризираше во своевидни новинарски мутанти. Линк до оригиналниот напис: СДСМ преку Саше Политико му праќа пораки на Андреј Петров? Датум и време на објавување: 12.11.2013   11:31 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Познат идентитетот на малолетничката која се самоуби во Ѓорче Петров

на 14. 11. 2013 | |
Текстот се приклучува во групата рецензирани поради неговата недоволна кохерентност која кај некои читатели може да значи и сомнеж во вистинитоста. Иако во првиот параграф од текстот се известува за самоубиство, веќе од вториот параграф, пренесен од билтенот на МВР, станува јасно дека нема доволно информации за да се поткрепи тврдењето дека станува збор за самоубиство. „ Според податоците од полицијата, малолетничката чиј идентитет е веќе утврден, почина откако патнички воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје, удри во неа вчера утрото околу седум часот и дваесет минути“. Од ова произлегува дека претпоставката на авторот, оти се работи за самоубиство, МВР не си ја дозволил и прецизно наведува дека возот „удрил“ во девојчето, не навлегувајќи во тоа дали станува збор за

Рецензија: Коце-македонскиот Џон Вејн

на 14. 11. 2013 | |
Веста има само една реченица. Дека Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, со пукање од пиштол означил старт на ноќната трка низ Скопје. Кога ќе ја прочитате, или ќе го погледнете прилогот, немате јасна слика за што се работи. Дали е тоа само најава на вест, цела вест или се работи за техничка грешка при што заборавиле да го „закачат“ прилогот. Линк до оригиналниот напис: Коце-македонскиот Џон Вејн Датум и време на објавување: 10.11.2013 18:29 Датум на рецензирање: 13.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Вистина е дека Коце Трајановски означил старт на трката, но дали имало учесници не знаеме, бидејќи и на фотографијата за најава на прилогот и во самиот прилог го гледаме само Коце Трајановски како двапати пука од пиштол за

Рецензија:Трудното дрво во скопско ги лекува неплодните жени!

на 13. 11. 2013 | |
„На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот “Света Богородица”. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни. Можеби во ерата на модерна технологија за многумина оваа приказна би била неверојатна, но за домарот на црквата, дедо Милош, и за локалните жители оваа дрво им донело само среќа во домот на оние што го посетиле“ Ова е само воведот на репортажата Трудното дрво во скопско ги лекува неплодните жени!“ објавена на насловната страна на весникот, која несомнено го привлекува вниманието на читателите, што се потврдува и со посетеноста

Рецензија: Подобрувањето на патната инфраструктура носи се повеќе инвеститори во Источна Македонија

на 13. 11. 2013 | |
„Со години наназад источна Македонија важеше за една од најнеразвиените области во државата. Градовите и помалите општини кои се наоѓаат во овој дел на Македонија беа многу помалку развиени отколку останатите. Патната инфраструктура беше во катастрофална состојба, а невработеноста сѐ повеќе растеше што предизвикуваше младите од овој дел да се иселуваат или да бараат егзистенција во други градови, најчесто во Скопје. Последните неколку години може да се забележи дека сѐ повеќе се обрнува внимание на источниот дел на Македонија што сведочат и многуте проекти и инвестиции кои влијаат за развојот на овој дел од земјата“. Текстот не е во допир со насловот односно со логиката која е најавена како „спиритус мовенс“ за авторот. Ниту се кажува кои се

Рецензија: Кичево: Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил

на 13. 11. 2013 | |
Брзината на доставувањето на информациите до јавноста отсекогаш била еден од базичните елементи во работата на кој било медиум. Сегментот брзина дополнително добива на тежина со т.н. „дигитална револуција“ на медиумите при што многу често промптноста е позначајна од останатите професионални критериуми, како, на пример, вистинитоста на придружните елементи на еден новинарски текст. Таков е и случајот со овој прозивод каде содржината не е пропратена со соодветна фотографија, тука таа едноставно е извлечена од некоја архива, овојпат од онаа на царината, најверојатно за сметка на што побрзо објавување на веста. Линк до оригиналниот напис: Кичево: Полицајци пронашле еден килограм марихуана во паркиран автомобил Датум и време на објавување: 12.11.2013  10:16 Датум на рецензирање: 12.11.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Тука е

Рецензија: Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски?

на 13. 11. 2013 | |
Сите роднини ги направил директори – кој е всушност Никола Рилковски? “, е пристрасен напис  кој просто зрачи со тенденциозност и тоа од насловот, па до последниот ред. Уште од самиот старт на текстот е забележливо дека идејата не била да информира кој ќе биде новиот претседател на ДИК, туку да се оцрни неговата личност. „Никола Рилковски е кандидатот за нов претседател на ДИК кој опозициската СДСМ го достави до Парламентот. Рилковски беше пратеник на СДСМ во македонското Собрание и важи за локален моќник во СДСМ во Охрид.“ Овој материјал во кој се тврди дека Рилковски, наводно,  ја искористил функцијата за да ги згрижи членовите од поширокото семејство,  има проблеми со релевантноста.  Имено, тој се повикува на друг портал 

Рецензија: Јованистите од ПОА со своите лобисти од СПЦ ја обвинија Македонија за политизирање на религијата

на 13. 11. 2013 | |
Кога читателот ќе го прочита насловот и лидот, поднасловот на една новинарска вест, треба да ја добие првичната точна слика за она за што пишува или известува новинарот. Сите останати делови на веста или новинарскиот извештај, телото и завршницата, треба да имаат факти, податоци, цитати и изјави поткрепени од извори кои целосно ги поддржуваат насловот и лидот на веста. Тоа е првата и елементарна лекција по новинарство во делот на структурата на една новинарска сторија. Веста што ја рецензираме тука, за жал, не испочитувала ништо од основните новинарски правила. Линк до оригиналниот напис: Јованистите од ПОА со своите лобисти од СПЦ ја обвинија Македонија за политизирање на религијата Датум и време на објавување: 08.11.2013, 11:13 Датум на рецензирање: 11.11.2013 Рецензент: