Рецензии

Нема никаков хаос на грчко-македонската граница

на 5. 03. 2020 | |
[Рецензија: Хаос на грчко-македонската граница, мигрантите насилно пробуваат да се пробијат (ФОТО)] Текстот што е предмет на оваа рецензија е контрадикторен, има неточен наслов и има за цел да шири паника.
Линк до оригиналниот напис: Хаос на грчко-македонската граница, мигрантите насилно пробуваат да се пробијат (ФОТО) Датум и време на објавување: 02.03.2020 Датум на рецензирање: 04.03.2020 Рецензент: Ана Анастасовска Овој напис има бомбастичен и погрешен наслов кој на прв поглед ќе предизвика вознемиреност кај читателите,

За самоубиства не се известува, особено ако не се работи за јавни личности

на 4. 03. 2020 | |
[Рецензија: Се самоуби 30 годишен скопјанец, детали за несреќата од Аеродром] Во конкретниот случај станува збор за текст во кој се известува за самоубиство (според неофицијални информации), па дури и се најавуваат повеќе детали за подоцна. Не е јасно на какви детали се мисли и зошто се потребни детали воопшто? Прикажана е фотографија од зградата каде се случила трагедијата, наспроти добрата новинарска практика и етичките норми кои сугерираат да се

Манипулација е кога новинарот намерно ги искривува изјавите

на 4. 03. 2020 | |
Илустрација

Цитатите во вестите се користат за да се дополнат и разјаснат истите, се користат како докази, клучни или дополнителни податоци, секогаш со цел соодветно информирање. Нивното искривување, погрешно толкување или манипулирање со цитатите не е толку тешко да се забележи колку и да камуфлира новинарот. Таква е веста што ја разгледуваме

Веста што се разгледува
Линк до оригиналниот напис: „Села сега излегува против Блерим Река и Самоопределување“  Sela tash del

Лажна вест е дека Елена Лука е пациентката заболена од коронавирус

на 4. 03. 2020 | |
[Рецензија:Елена Лука е заболената од коронавирус] Првиот потврден случај на заболен од коронавирус во Македонија ја крена на нозе целата јавност. Министерството за здравство потврди дека првиот случај на овој нов вирус во земјата е 50 годишна жена од Скопје која месец дена престојувала во Италија. Пациентката е сместена на Инфективната клиника во Скопје, а во домашна изолација се ставени осум патници и возачот на комбето со кое се превезувала

Барајќи го Заев под албанското знаме заборавиле да ја довршат веста

на 3. 03. 2020 | |

[Рецензија: Под албанско знаме Заев потпиша коалиција со Беса] Вест со тенденциозен и невистинит наслов не служи за информирање на читателите туку за политичка пропаганда. И покрај тоа што внатре содржи точни податоци за настанот за кој известува, сепак оваа информација од аспект на новинарски стандарди се оценува негативно.
Линк до оригиналниот напис: Под албанско знаме Заев потпиша коалиција со Беса Датум и време на објавување: 27.02.2020 Датум на рецензирање: 2.03.2020 Рецензент: Југослава Дуковска 

Предрасудите на новинарите се неетички и непрофесионални

на 3. 03. 2020 | |
Илустрација

За можноста за формирање трилатерална коалиција меѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива се уште се известува во медиумите (во моменти кога е пишувана оваа рецензија), иако едната партија во неколку наврати ја негираше можната соработка со другата. Новинарот лично не може да предрасуди со зборовите дека тоа било „измама на деценијата“. Ова е тотално непрофесионално

Фотографија од веста што се прегледува
Линк до оригинален напис: „Дали ќе

Твит што поттикнува шовинизам и омраза

на 3. 03. 2020 | |
[Рецензија: „Reservoir Dogs“, статус на „Твитер“] Статусите на Твитер налозите можеби не се дел од новинарството, но кога ги објавуваат новинари и телевизиски и радио-водители стануваат дел од корпусот на етичкото однесување во јавноста, посебно кога станува збор за ширење национална нетрпеливост, омраза кон одредени етнички групи, расистичко однесување…
Линк до оригиналниот напис: Статус на Јанко Илковски on Twitter Датум и време на објавување: 24.2.2020, 22:30 Датум на рецензија: 26.2.2020 Рецензент: Стојан Синадинов Социјалните

Вест бајата пет години пласирана како нова

на 2. 03. 2020 | |
[Рецензија:УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!] Сензационалниот наслов: ,,УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!”, несомнено го привлекува вниманието, а во случајов тоа се случило со 1.680 луѓе кои ја прочитале веста објавена на „Доказ“ на 28 февруари годинава. Главниот проблем е во тоа што веста е стара пет години.
Линк до оригиналниот напис: УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!Датум и време на објавување: 28 февруари 2020Датум на

Дали Северна Кореа навистина егзекутираше пациент со ,,коронавирус”?

на 2. 03. 2020 | |
[Рецензија:Северна Кореа егзекутираше едно лице заразено од корона вирус, за да спречи понатамошно ширење ] На македонските медиуми не им избега сензационалната вест за наводен случај на заболен од коронавирус во Северна Кореа, кој, наводно, бил застрелан од тамошните власти кога го прекршил правилото за карантин и заминал во јавен тоалет. Според краткото истражување во пребарувачот Гугл, првпат на македонскиот интернет простор ваквата вест е преведена на тринаесетти февруари, а

Сензационалистичка и неодговорна објава дека Нострадамус го предвидел коронавирусот!

на 2. 03. 2020 | |

[Рецензија: „Голема чума во поморскиот град“: Нострадамус го предвидел коронавирусот, а еве кога ќе запре…] Не поминува ни едно поголемо светско случување, а да не се поврзе со Нострадамус и неговите предвидувања. Како и многупати досега, медиумите успеаја и коронавирусот да го поврзат со Нострадамус, а целта е една и единствена – преку сензационализам до што повеќе кликови и читаност на текстовите.
Линк до текстот: „Голема чума во поморскиот град“: