Новинарски лекции

Агенциите кон извештаите мора да пристапуваат со поголема одговорност

на 15. 07. 2013 | | sq
Агенциите кон извештаите мора да пристапуваат со поголема одговорност
Објавувањето на изворите на вести, особено кога се работи за документи во изворна форма (преку нивно објавување на сајтовите), треба да е обврска и на агенциите, како тие би ја јакнеле довербата на читателите и би имале и некаков инструмент на самоконтрола во известувањето. Пишува Љубомир Костовски Со оглед на фактот што агенциските статии се пренесуваат од многу корисници, новинарите, кои известуваат за настани за одредени агенции или нивни сервиси,

Бајати информации – нови содржини

на 3. 06. 2013 | |
Како едно интервју со рокерот кој е роден во Скопје – Џони Штулиќ, беше лажно продадено како ново од страна на белградски Курир, а кај нас беше без проверување преземено, и тоа често без да се наведе изворот? Пишува Љубомир Костовски

Како до добро интервју?

на 21. 05. 2013 | | sq
Пишува Ѕвездан Георгиевски Текстот е достапен и на албански јазик: Si deri te intervista e mirë? Во новинарските кругови обично владее убедувањето дека интервјуто е најлесна новинарска форма. Имено, сè зависи од интервјуираниот. Новинарот може да има и најумни прашања на овој свет, ако соговорникот е индиспониран или, едноставно, нема што да каже, тогаш резултатот е – лошо интервју. И обратно, ако интервјуираниот е умен, елоквентен и има квалитетни одговори, тогаш новинарот може да постави и најглупави прашања, а сепак да добие – квалитетен производ. Ова правило, наводно, најмногу се однесува на таканаречените пишани интервјуа, односно оние што излегуваат во печатените медиуми.

Што беше тоа редакциски коментар?

на 17. 05. 2013 | | sq
Праксата на интегрирање на фактите и на мислењето нѐ враќа во времето на медиумското едноумие – коментарите треба прецизно да се рубрицираат, а не тезите и нивните автори да се кријат зад наводите и исказите на изворите. Пишува Биљана Илиќ

„Миење“ на биографиите: Пример со „пензионирањето“ на првиот човек за јавна безбедност

на 15. 05. 2013 | | sq
Пишува Љубомир Костовски Текстот е достапен и на албански јазик: ‘Larja’ e biografive: Shembulli me ‘pensionimin’ e njeriut të parë të sigurisë publike Во новинарството правење на некаква биографија за некоја позната личност главно е предмет на редакциската педантност во стилот „ништо да не нѐ изненади“.

Вистината е поинаква кога новинарот не е љубопитен

на 5. 04. 2013 | | sq
„Југохром“ или изборни приказни што се повторуваат Пишува Љубомир Костовски Во спинувањата на јавноста учествуваат со своите трудови и новинарите. Таквата нивна сервилна позиција е особено нагласена кога се оди во некоја посета заедно со претставници на власта и кога не се поставуваат „непријатни“ прашања, без кои пак нема професионално новинарство.

Како се злоупотребуваат изворите на информации во медиумите?

на 3. 04. 2013 | | sq
Иако принципот на атрибуција во македонските медиуми е усвоен пред безмалку две децении, сѐ уште среќаваме написи без никакви извори на информации и такви во кои изворите не се именуваат или погрешно се лоцираат за да се заведе читателот, а сериозен проблем е и користењето на еднострани извори, без да се почитува етичката обврска да се сослуша и другата страна. Пишува Биљана Илиќ Текстот е достапен и на албански јазик: Si keqpërdoren burimet e informatave në media?