Новинарски лекции

Опрема на текст – наднаслов, наслов, поднаслов

на 29. 11. 2013 | | sq

Читателите најчесто се задржуваат на оние вести и информации кои имаат добра опрема и кои најмногу им го привлекуваат вниманието. Некои текстови веројатно никогаш не ги погледнуваат, во голема мерка поради лошиот наднаслов, наслов, и поднаслов, или затоа што текстот не е опремен со овие основни елементи на новинарската форма.

  Пишува: Александар Писарев   Како треба да изгледа една вест, информација, анализа, репортажа во медиумот, за да привлече внимание

Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата

на 13. 11. 2013 | | sq

Човекот се најде во лапидариум од кој нема излез, како луѓето кога се во заложничка ситуација кога ништо друго не може да им помогне освен знаењето. Ова особено се однесува на новинарите и на нивните способности и знаење да ги препознаваат и да укажуваат на псевдонастаните, кои со помош на медиумите се претвораат во медиумска реалност, и да ја преземат улогата на деконструктори и „диверзанти“ за да ги извлечат луѓето

Како да се пренесат зборови на политичар кога во нив има елементи на говор на омраза

на 8. 11. 2013 | | sq

Најопасно е преку медиумите да се  шират омразата и предрасудите, бидејќи тоа најчесто завршува со насилство. Медиумите што шират и пренесуваат говор на омраза, се соучесници во можните злосторства што произлегуваат од неа. Новинарите и медиумите се одговорни за содржините што ги пласираат или ги прикажуваат без оглед на тоа кој ги произведува.

  Пишува: Александар Писарев Најчесто политичарите се тие кои се спомнуваат дека произведуваат говор на омраза, при

Русокосата Марија и притаениот расизам во нас

на 7. 11. 2013 | |

Темата за „русокосиот ангел“ од Лариса, мало девојче најдено при рација на полицијата во Грција, спласна наеднаш – исто како што се појави. Штом се виде дека нема ништо од сторијата за валканите црни раце кои грабнуваат дете од европска улица, со нордиски изглед, настанот стана „ромска работа“.

    Пишува: Љубомир Костовски   ВОВЕД: Времето бргу лета. Кога минатиот викенд бев со една група колеги во Бугарија, забележав дека

Несреќата на несреќите

на 5. 11. 2013 | | sq

Несреќите и прашањата врзани за нив не се ексклузивитет само за новинарите од „црните хроники“, туку за секој новинар и уредник, посебно за новинарите кои се дежурни во време на викенди и празници, кога по непишано правило, бројот на несреќи е зголемен, а новинарските екипи намалени.

  Пишува: Саше Димовски  

ФОТО: Крв на сите страни – ужасна глетка на местото каде загинаа петте млади скопјани

 

ВИДЕО: Од луксузното

Лекција за уредниците: Негувајте го огнот

на 10. 10. 2013 | | sq

Уредниците не треба да го палат огнот, тие треба да го одржуваат и да му додаваат гориво. Една од најважните задачи на уредниците е да ги инспирираат новинарите. Успехот на медиумите зависи од новинарите. Новинарите, доколку имаат таков уредник, се огледало на енергијата на ентузијастичкиот лидер или на летаргијата на обезличениот, обездуховен уредник.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Работата во редакцијата треба да биде високо професионална, одговорна и пред сѐ

Како да се известува за сексуалните работници реално и без сензационализам

на 29. 09. 2013 | | sq
Загрижувачки е фактот (…) што новинарите ретко се обидуваат да ги преиспитаат полициските извештаи во кои корисниците на дрога и сексуалните работници се претставуваат како криминалци, дури и кога тие бараат заштита токму од страна на полицијата во случаи на повреда на нивните права.   Пишува: Зоран Бојаровски   Еден од првите големи чекори што треба да го направат новинарите е да се сообразат на новиот и соодветниот речник и

Како да пронајдете вести кои „исчезнале“ од Интернет?

на 27. 09. 2013 | | sq, en
Оваа новинарска лекција покажува како со помош на Гугл, Архивата на Тајм.мк и archive.org  може да се видат содржини кои веќе не се достапни на веб-сајтовите каде што биле првобитно објавени.     Пишува: Филип Стојановски, информатичар, програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис
  Има ситуации кога е од јавен интерес да се пронајдат содржини кои биле објавени на Интернет, па потоа отстранети. Оваа новинарска лекција покажува како со помош на

Погубноста на копи – пејст „новинарството“

на 26. 09. 2013 | | sq

Станува збор за вирус од кој е заболено новинарството во Македонија, кој е поопасен од каква било рестриктивна контрола на која и да било власт врз слободата на говорот и медиумите

Препишувањето и кражбите при известувањето во медиумите за јавно информирање е проблем од како постојат медиумите. Бројни се примерите за кражба на вести или текстови од други новинарски жанрови уште од почетокот на 20.век, кога се известувало за историски

Внимавај, дете!

на 25. 09. 2013 | | sq
Кој е јавниот интерес да се објави податокот дека седумгодишно дете, кое било земено од страна на неговите баба и дедо, кои не го давале на  мајката, има шуга и не е бањато со месеци?  Па макар и да станува збор за пренесување на детали од судење, како што е овој пример!   Пишува: Саше Димовски   Малата Александра не одела на училиште, по целото тело имала шуга и била