Новинарски лекции

Погубноста на копи – пејст „новинарството“

на 26. 09. 2013 | | sq

Станува збор за вирус од кој е заболено новинарството во Македонија, кој е поопасен од каква било рестриктивна контрола на која и да било власт врз слободата на говорот и медиумите

Препишувањето и кражбите при известувањето во медиумите за јавно информирање е проблем од како постојат медиумите. Бројни се примерите за кражба на вести или текстови од други новинарски жанрови уште од почетокот на 20.век, кога се известувало за историски

Внимавај, дете!

на 25. 09. 2013 | | sq
Кој е јавниот интерес да се објави податокот дека седумгодишно дете, кое било земено од страна на неговите баба и дедо, кои не го давале на  мајката, има шуга и не е бањато со месеци?  Па макар и да станува збор за пренесување на детали од судење, како што е овој пример!   Пишува: Саше Димовски   Малата Александра не одела на училиште, по целото тело имала шуга и била

Investigative Dashboard: Следете ја трагата на парите

на 24. 09. 2013 | |
Investigative Dashboard e сајт на кој новинарите истражувачи имаат пристап до базите на податоци за компаниите во светот, како и за софтверите за анализа на податоци и други потреби од корист на истражувачите   Пишува: Катерина Блажевска   Сакате да дознаете кои од домашните фирми регистрале оф-шор компании, каде го преселиле капиталот или каква е нивната финансиска кондиција? Можеби ви изгледа дека тоа е невозможна мисија, но со помош на

Зошто шлицот на Груевски стана вест на денот?

на 23. 09. 2013 | |
Колку и да се трудеа паркобраните во Скопје да привлечат медиумско внимание, тие станаа вест на денот дури тогаш кога беа нападнати од полициските специјалци. Да се случеше тој настан истовремено со приказната за шлицот и со таа за Цеца во болница, можеби граѓанскиот активизам ќе однесеше победа во битката со „сензационализмот“. Кратка, еднодневна победа.   Пишува: Биљана Илиќ   Пред некој ден, приказната за откопчаниот шлиц на премиерот Никола Груевски стана вест на денот. Единствена сериозна конкуренција ѝ беше  веста дека познатата турбофолк ѕвезда Цеца Величковиќ била однесена во болница. Многу луѓе во Македонија, посебно некои што себеси нападно се рубрицираат како „интелектуална елита“, во ова видоа уште една потврда на тезата дека македонското новинарство го допрело „дното“ и

Професионална новинарска дистанца

на 29. 08. 2013 | | sq
Кога новинарите забораваат на професионалната дистанца, најсериозна последица е губењето на довербата на публиката кон новинарството во целина и кон сите новинари       Пишува: Соња Здравеска   За новинарот да обезбеди објективност и непристрасност во своето известување, како основен предуслов за правилен пристап кон работата, тој мора да се „изолира“ од темата за која пишува и да ја пренесе онаква каква што е, односно без да биде наклонет

Прес-конференциите и „заветот на молк“

на 27. 08. 2013 | | sq
Отсуството на прашања од новинарите на прес-конференции покажува дека тие најчесто доаѓаат неподготвени за темата за која се зборува и дека имаат многу малку знаење за неа   пишува: Теофил Блажевски     Прес-конференциите се одличен индикатор за нивото на (не)знаење и (не)подготвеност на новинарите за темите за кои се зборува. Ова особено доаѓа до израз на оние т.н. тематски конференции, каде се изнесуваат податоци за нови инфраструктурни проекти,

Хаосот на едноличноста

на 26. 08. 2013 | | sq
Минималните придобивки од медиумскиот интернет пазар, кој е неконсолидиран, фрагментиран и непрофесионален, создаваат само илузија од новинарството, еден вид дилетантизам, кој ни одблиску не соодветствува на вистинската мисија на новинарството.     Пишува: Бардил Заими   СИТЕ НОВИНАРСКИ ТЕОРИИ изгледа умираат пред неподносливата леснотија со која информацијата протекува низ бескрајниот свет на интернетот. Вртоглавото транспонирање на медиумите и традиционалните формати на информирање во новите формати е проследено со невиден хаос

Враќање на истражувачките прашања

на 23. 08. 2013 | | sq
Додадената вредност на новинарскиот текст (или прилог во електронски медиум) е повеќестраноста, објективноста и одговорени што поголем број прашања што една информација ги отвора.   Пишува: Ида Протугер Вељковиќ   ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ. Значењето на овој термин во економијата е “зголемувањето на вредноста што компанијата го дава на својот производ пред да го понуди на пазарот.” Тоа значи дека што е поголема додадената вредност на некој производ, толку е поголема неговата

За голем човек, голема буква?

на 19. 08. 2013 | |
Примери има многу, а ние ќе наведеме само неколку, за да предупредиме на една очајна состојба, што налага брза акција во секоја наша редакција – новинарите и уредниците мора да развијат свесност за потребата строго да ги применуваат правилата на македонскиот правопис.   Пишува: Биљана Илиќ   На корисниот фејсбук профил www.facebook.com/lektor.mk  сретнавме вакво прашање: „Дали ќе може да ми кажете како би било правилно да се напише: Руската федерација

Како да се разбуди статистичкото новинарство?

на 19. 08. 2013 | |
  Статистичкото новинарство бара три основни вештини: способност за собирање податоци, способност за организација на податоците и способност за нивно анализирање Пишува: Катерина Блажевска Во Македонија многу малку е присутно т.н. статистичко новинарство. Под овој поим не се подразбира класична употреба на статистички податоци во новинарски текст, нивна споредба со претходни состојби или компарација со слични состојби во регионот и светот. Статистичко новинарство или data journalism е новинарство базирано на податоци