Новинарски лекции

На новинарството не му прилега вулгарност

на 11. 08. 2016 | |
    Членот 15 од Кодексот на новинарите вели: „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста“. Но, дали сите медиуми навистина го почитуваат ова правило и зошто на еден новинар би му користела „непримерна комуникација со јавноста“?   Пишува: Лилјана Петрушевска   Примери за тоа до каде оди вулгарноста во македонскиот медиумски етер можеме да сретнеме секојдневно. За

Агенциско новинарство – фабрика за вести

на 10. 08. 2016 | |
Новата зграда на „Франс прес“ во Париз. Фото: „Википедија“  

Битна разлика помеѓу новинските агенции и другите медиуми е во тоа што новинските агенции ги опслужуваат другите медиуми и така посредно доаѓаат до крајниот корисник: читателот на весник, слушателот на радио, гледачот на телевизија, корисникот на интернет…

  Пишува: Владо Ѓорчев   Агенциското новинарство (анг. agency journalism/reporting) е облик на новинарство што се остварува по пат на агенција која служи

Телевизиско известување: Разбуди ме со песна, после ќе мислиме на поплавите

на 8. 08. 2016 | |
„Време е за бебе“. Дури и кога има поплава. И кога се потребни вести. Фото: скриншот    

Навремено објавување на информацијата околу случувањата во текот на елементарна непогода подразбира понуда на информации кои во моментот им се од голема важност на засегнатите – оние кои се погодени од елементарната непогода и оние кои се грижат за нив. Доцнењето и ненавременото известување ја намалува корисноста на информациите и го става

Сообраќајната несреќа кај Демир Капија, информативна несреќа во известувањето

на 4. 08. 2016 | | sq
Судар на пат, избегнат професионализам во медиумите. Фото: Pixabay/screenshot
 

Еден медиум презема од друг, додава нешто непроверено и сосема ја менува првичната информација. Дел од порталите се оградуваат со вметнување на фразите „од полицијата велат“, „од МВР за нашиот медиум“, „полицијата соопшти“, но во ниедна вест нема изјава од претставник на МВР кој ги потврдува пласираните информации. Всушност, голем дел од медиумите само го користат

Црвената линија на приватноста и јавниот интерес

на 1. 08. 2016 | | sq
Податоците за малолетните лица жртви на полов напад не треба да бидат објавувани дури и кога постои претпоставена согласност од нивниот родител  Фото: www.gettyimages.com, принтскрин

 

Иако во меѓународната регулатива за заштита на приватноста е вметнат принципот на „право да бидеме заборавени на интернет“, отстранувањето на податоците што се дел од вести и од прилози на медиумите е практично невозможно. Затоа, треба да се води сметка за тоа дали кога

Медиуми, а да помислевте на детето, а не на кликнувањата!

на 29. 07. 2016 | |

   

И независно кој прв почна да ја расплетува чувствителната приказна, срамно е што притоа многумина во медиумите заборавија на болката на детето. Тоа, се разбира,  е неодговорно и недозволиво за етички исправното новинарство.

    Пишува: Владо Ѓорчев   Кој прв почна и кој е виновен за обелоденувањето  на имињата на малолетното девојче и на осомничениот педофил, случај што деновиве ја потресе македонската јавност? На остри и крајно

Повредена приватност: Сензационализам од лични трагедии

на 25. 07. 2016 | |

 

Во време кога речиси сите информации се поставени на интернет, особено внимание треба да се посвети на видот и на обемот на објавените податоци за жртвите на несреќи, непогоди или болести, особено заради нивните семејства, кои со секое ново читање на овие вести повторно ги преживуваат несреќите.

  Пишува: Елена Стојановска   Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде

Убивање новинари во авторитарни режими

на 22. 07. 2016 | |
Крстосницата на улица Богдан Хмељницки и Иван Франко во Киев каде беше кренат во воздух автомобилот на новинарот Павел Шеремет. Фото: авторот познат на редакцијата  

Новинарите – главна мета на новиот авторитарен поредок. Русија и Украина се земји каде владее цензура и каде независните новинари и дисидентите се прогонувани и убивани

  Пишува: Борис Камчев од Санкт Петерсбург   Да се биде независен журналист со опсег на активности во

Македонските медиуми заробени од четири партии

на 21. 07. 2016 | |
Медиумите во канџите на партиската политика. Фото: edkohler/мета  

По скептицизмот кај познавачите на состојбата во медиумите останува само да се види колку од договореното ќе се реализира. Многумина веруваат дека преговорите ќе продолжат со дебата и во септември, без конкретни решенија. Како и да е, новинарите не се согласуваат со тоа партиите да им го кројат начинот на работа и професионалните стандарди. Пржинската четворка тоа не го разбра досега

ТВ-Дневник: Слушајте владата што ви вели – опозицијата е виновна за сè

на 19. 07. 2016 | |
Јавниот интерес спасен со прилог за Pokemon Go. Фото: скриншот  

Убаво е кога во еден ТВ-дневник има информации од сите рубрики, но тие информации треба да бидат селектирани така што ќе го покријат интересот на целата јавност. Во овие вести, она што гледачите имаа можност да го видат и да го слушнат беа само прилози за власта и за владините министри и проекти

 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на