Анализи

Барањето објаснување е една од алатките за контрола на власта

на 4. 12. 2014 | | sq
Вештачка семантичка дилема создадена за добивање политички поени, која остана без објаснување: „државен испит“ наспроти „екстерно тестирање“. Фото: Xavi, 2010  

Претставниците на власта многу често ги прикажуваат новинарите како здодевни. Всушност, претставниците на власта најмногу од сè се плашат од давањето објаснувања/образложенија. Да објасниш некоја своја активност или изјава, значи дека ја разбираш (во целост) и дека стоиш зад неа. Должност на новинарот е да биде „здодевен“ и одново

Зошто не го прашаат Груевски?

на 24. 11. 2014 | | sq
Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово. Фото: markovskavesna, 2006  

Доколку навистина станува збор само за идеја за која допрва треба да се дискутира, тогаш од каде има премиерот информации за практичните модалитети на остварување на оваа идеја. Имено, од каде знае како ќе се изведува полагањето, колкупати и со каков резултат?

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Новинарите имаат право и треба да прашуваат.

За поттикнувањето омраза врз основа на сексуална ориентација

на 21. 11. 2014 | |
 

Дали кривичното осудување заради изразување, кое поттикнува омраза врз основа на сексуална ориентација, се коси со правото на слобода на изразување?

  Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права   Одговорот на ова прашање е негативен според Европскиот суд за човекови права. Во 2012 година, судот не најде повреда на правото на слобода на изразување на група младински активисти, кои биле кривично осудени во Шведска поради растурање летоци со

„Ало докторе“ – проект на медиумите или на Министерството за здравство?

на 14. 11. 2014 | | sq
 

Не е јасно зошто медиумите влегоа во овој проект на ваков начин и ја прифатија улогата на „огласна табла “ на Министерството за здравство.

  Пишува: доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Законот за медиуми на Република Македонија во членот 2 на многу експлицитен начин објаснува дека улогата на медиумите како средства за јавно информирање е: „дневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана

Оставка ≠ одземање на мандат

на 13. 11. 2014 | | sq
 

Медиумите пропуштија многу добра шанса да адресираат еден продолжен акт на повредување на Уставот и на законите.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Медиумите известија дека е дојдено време да бидат одземени мандатите на пратениците на СДСМ кои отсуствуваат од работењето на Собранието (Почнува постапката за одземање на мандатите на опозиционерите, Започнува собраниската постапка за опозиционерите, Шест месеци надвор од Парламентот, истекува рокот за

Вежби по критичко мислење: Дали зборот „Словени“ е навредлив за Македонците?

на 5. 11. 2014 | | sq, en
Идниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Липинкот Бејли (во средина), на прославата на Денот на независноста во конзулатот во Адана, Турција, каде што беше заменик шеф на мисијата. (Со амбасадорот на САД во Турција, Френсис Џ. Ричиардоне, на крајот десно, и со сопругите). Фото: Стејт департмент на САД, 2013  

Неодамнешната медиумска хајка проследена со говор на омраза против новоназначениот американски амбасадор може да ни послужи како добра основа

Дупките во информирањето за исплатата на породилни надоместоци

на 3. 11. 2014 | |
 

И покрај широкото медиумско покривање на темата, граѓаните во најголем број случаи не добија целосна информација врз основа на која може да изградат сопствено мислење и став, односно, која би претставувала отворање јавна расправа за понуденото решение.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   На 24 април 2014 година, неколку медиуми (Сител ТВ, Алфа ТВ, …) ја пренесоа прес-конференцијата на Маја Парнарџиева-Змејкова, која во функција

Употребата на оружје и пишувањето на медиумите

на 30. 10. 2014 | |
 

Кога веќе се известува за ваквите појави, кои, рака на срце, се дел од нашето секојдневие и не треба да се игнорираат, потребно е покрај информацијата преземена од билтенот на МВР или прес-конференцијата на портпаролот на полициската станица каде се случил немилиот настан, да се посвети поголемо внимание на социолошките аспекти.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Фактот дека на многумина им е полесно

Говорот на омраза предизвикува насилство

на 29. 10. 2014 | |
 

Новинар(к)ите воопшто не се исклучени од одговорноста за говорот на омраза кој повикува, поттикнува или оправдува насилство.

  Пишува: Жарко Трајаноски, магистeр по човекови права   „Новинарот… нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа “ (Кодекс на новинарите на Македонија)  

ПОТПАЛУВАЧКИ ГОВОР ПРЕД И ПО НАСИЛСТВОТО ВО „ДАМАР“

Написот „SKANDAL: Homoseksualët nesër do të festojnë

Повторно извештај или секое чудо за (медиумите трае) три дена

на 16. 10. 2014 | | sq
 

Еден од главните проблеми е краткиот век на медиумскиот интерес за ваков вид документи. Еднаш пласирани како вест, тие не се искористуваат понатаму за споредување со активностите кои ги спроведува власта, за потсетување на власта за поставените/преземените обврски и контрола на активностите на власта низ призмата на поставените цели и вредности во извештајот.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Европската комисија повторно подготви извештај