verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Царовска не изјави дека четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари

on 12 - 11 - 2019       

[Рецензија: Царовска: Четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари ]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира во однос на изјавата на министерката за труд и социјална работа Мила Царовска, дадена во емисијата „Детектор“. Во текот на емисијата, таа во ниту еден момент не споменува дека „четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари“

Линк до написот: Царовска: Четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари

Датум на објавување: 10.11.2019

Датум на рецензија: 11.11.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Според „лајкин индикаторите“ на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители месечно му требаат околу 17.000 денари, вели за „Детектор“ министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, додавајќи дека Министерството за труд и социјална политика не може да ги базира своите политики врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пари се потребни за да се помине месецот.

Текстот што го рецензираме сам по себе е контрадикторен, бидејќи во воведот на министерката Царовска ѝ се припишува изјава, која воопшто не ја дала, а потоа тврдењето се негира во нејзината цитирана изјава подолу во текстот.

На прашањето на новинарката во емисијата „Колку би изнесувала реалната потрошувачка кошничка“, Царовска одговара:

Mногу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор треба да се основа за креирање на политики“

Поради извртување на вистината во насловот, кој патем беше објавен од голем број на медиуми и предизвика реакции на социјалните мрежи, се огласи и министерката на нејзиниот официјален фејсбук-профил, која вели дека „насловите кои ги вадат порталите се целосно извртување на вистината.“

Невистинитиот наслов предизвика голем број реакции и револт на социјалните мрежи. Имајќи предвид дека голем број на граѓани се информираат само од наслови, без да го прочитат текстот и да заклучат дали насловот на текстот е вистинит, стопати повторената лага стана вистина.

Во текстот не е запазено основното новинарско правило дека насловот произлегува од содржината на текстот, туку тој е измислен за да припише негативен контекст на сфаќањата на министерката за месечните потребни средства за четиричлено семејство. И лаик би знаел дека тие не се доволни, а камоли министерка која води ресор социјална политика.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести