verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бројки за хомосексуалци извадени од ракав

on 13 - 02 - 2017       

homoseksualci

[Рецензија: Хомосексуалци- политичари, полицајци, лекари свештени лица…]

 

Текстот што го рецензираме, врамен со тенденциозен и сензационалистички наслов, не нуди докази за бројките што ги прикажува за застапеноста на хомосексуалците во МВР, АРМ, бизнисот, медиумите, свештенството. Истражувањето нема јасен извор, па не се знае дали бројките за хомосексуалците во наведените професии се вистинити. Исто така, дискутабилна е и наведената бројка од 5.056  хомосексуалци  меѓу студентите, бидејќи воопшто нема никаков доказ за ова тврдење.

homoseksualciЛинк до оригиналниот напис: Хомосексуалци- политичари, полицајци, лекари свештени лица…

Датум и време на објавување: 11.02.2016

Датум на рецензирање: 13.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

ВИСТИНИТОСТА ПОД ГОЛЕМ ПРАШАЛНИК

Написот почнува со (дез)информацијата дека невладините организации во Македонија ги пребројувале хомосексуалците и, наводно, таа бројка изнесувала околу 200.000. Но, овде не се кажува конкретно кои невладини организации пребројувале, па оттука нема докази  за вистинитоста на посочената  бројка. Имајќи предвид дека нема јасни докази за оваа бројка, под прашалник е и вистинитоста на тврдењето дека тие се една десетина од вкупниот број на жители во државата.

„Невладините организации во  Македонија  почна да ги пребројува хомосексуалците и, според нивната груба математика, во Македонија има околу 200.000 хомосексуалци, односно една десетина од вкупниот број жители во државава“.

Во текстот дел од припадниците на ЛГБТИ-популацијата се поврзуваат со проституција, за што, исто така, не се нудат докази. Со ништо не е поткрепена ниту бројката на лица кои, наводно, се занимавале со проституција ниту, пак, цената која, наводно, ја наплаќале. Не е аргументирано ни тврдењето дека „испитаниците биле принудени на проституција зашто државата не се грижи за нив“ и не  е објаснето како државата може да им помогне, така што констатацијата „виси во воздух“.

„Во истражувањето што го имаат направено анкетирајќи 12.000 испитаници се добиени податоци што покажуваат дека 9.540 лица тоа го прават по сопствена волја и без никаков финансиски надоместок, додека 2.460 лица наплатувале за своите услуги од 100 до 6.000 денари. Некои од испитаниците биле принудени на ваков начин да заработуваат за егзистенција затоа што државата не се грижи за нив“.

Текстот што го рецензираме нема наведено кои се изворите за бројноста на хомосексуалците и за нивната застапеност по различни институции. Тој е несеопфатен, не нуди докази за вистинтоста и во комбинација со претенциозниот наслов има интенција да го наведе читателот на погрешно толкување.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести